Зошто “биди позитивен” е најлошиот дел од еден совет, според будизмот

Дали некогаш, некого сте советувале да биде позитивен? Тоа е универзално парче совет со кое се служат многу луѓе. Но, дали е навистина од помош?

И покрај сите предизвици кои ги претставуваат негативните емоции, нема ништо лошо во тоа да ги имате.

Според учењето на Буда, емоциите се фундаментален дел од личноста која сте, израз на нашата основна интелигенција и креативна енергија.

Кога би можеле да се поврзете со суштината на вашите чувства, можете да давате одговори без предрасуди и пресуди. Тогаш може да истражувате и да се запознаете со вашите чувства без да реагирате веднаш на нивната енергија, а тогаш тие стануваат извор на мудрост и сочувство.

Вашите емоции можат да ви го отворат умот и срцето. Тие можат да ве одведат надвор од вашиот вообичаен модел на живот до нова територија.

Според првата величествена вистина на будизмот: “Болката е универзална и неизбежна.”

Човечка природа е да се има негативни размислувања, и да се чувствуваме ниско и отфрлено. Ниските емоции и нивното присуство ни помагаат да ја цениме среќата во нашиот живот, а предизвиците ни овозможуваат да се подобриме на умствено ниво.

Така, наместо да се биде позитивен 24/7, негативните емоции како што е љубомората на пример, се всушност повеќе корисни за мозокот да се набљудуваат и прифатат, според Dzogchen Ponlop Rinpoche, еден од најдобрите тибетски будистички наставници во Америка.

“Кога ќе препознаеме емоција, како што е силна страст придружена со љубомора, ние всушност ја рушиме брзината на таа емоција. Вкупната смисла на препознавањето е важна и за двете: сутра и тантра. Во тантра, ако погледнеме голо на таа природа, ќе ја видиме природата на таа мудрост. Не е потребно да додавате никакво логично образложение. Не треба концептуално да размислувате за ништо. Едноставно ја препознавате и набљудувате. Така би имале искуство од едноставна мудрост без да се бара концепт. Затоа признавањето е многу важно”, пишува Rinpoche.

“Првиот чекор е едноставно да се набљудува. Едноставно препознајте ја емоцијата и потоа гледајте ја како таа расте или се развива. Едноставно гледајте ја. На почеток, само да се почувствува дека емоцијата постои е многу важно и ефективно. Во тантричка смисла, начинот да се согледаат овие емоции е да не се сопираат. Доколку ја препознаеме емоцијата и кажеме, “Да, тоа е страст“, и потоа се обидеме да ја сопреме, тогаш настанува проблемот. Одбивањето на нашите емоции е проблемот во Вајрајана.” додава тој.

Доколку сакате дополнително да истражувате идеи и нови перспективи поврзани со будизмот, кликнете тука.

 

Поддржете ја нашата работа: