Често знаеме да направиме брза пресуда за она што гледаме дека се случува додека децата се однесуваат на начин кој привлекува внимание, но кога едно дете со аутизам се бори да се справи со светот, последно нешто што му треба од нас е критика.
Како горди родители на дете со аутизам, Хелен Драјвер и Џоана Рејнолдс, напишаа 10 совети кои ќе ве натераат да размислувате повеќе за тоа, како критиката и разговорот делуваат на ваквите деца и што сакаат да ви кажат.
1. Јас сум дете со аутизам. Јас не сум аутистично. Мојот аутизам е само еден аспект од мојот карактер и тој не ме дефинира како личност. Дали вие сте личност со мисли, чувства и многубројни таленти? Запрашајте се дали вие сте дебели или имате прекумерна тежина? Дали сте кратковидни или носите наочари, или можеби сте несмасни или спортот едноставно не ви оди од рака?
2. Јас го слушам, гледам и чувствувам светот различно од тебе. Некои звуци, мириси и вкусови за мене се стресни, застрашувачки па дури и физички болни и можеби не секогаш сакам прегратки. Но, јас можам да доживеам детали кои можеби ти ги пропушташ, јас секако можам да уживам и да се забавувам и тоа за мене е смешно и возбудливо. Сакам да ги споделам овие работи со тебе.
3. Ве молам направете разлика помеѓу не сакам и не посакувам. Не можам и не сум во можност да го направам тоа. Рецептивниот и експресивниот јазик за мене се тешко разбирливи. Не дека не ги слушам инструкциите, јас едноставно не ги разбирам. Кога ме повикувате од другата страна на просторијата еве што слушам јас: „*&#%$ Петар,#$%^*&^%$&*!”. Наместо тоа, обратете ми се со едноставни зборови: “Те молам стави ја книгата на маса. Време е за ручек.” Тоа јасно ми кажува што сакате да направам и што ќе се случи следно. Полесно ми е да соработувам на тој начин.
4. Јас размислувам доста конкретно. Чудно ми е кога слушам фрази како: “Просто е како грав!” Јас незнам што е тука просто, а ниту грав. Фразите, игрите со зборови, гатанки и сарказам не се работи кои јас ги разбирам и ве молам не ги употребувајте во разговор.
5. Бидете трпеливи со мојот ограничен речник. Мене ми е тешко да искажам што всушност ми треба и што чувствувам. Обрнете внимание на говорот на моето тело, вознемиреноста која ќе ви каже дека нешто не е во ред.
6. Подобро се снаоѓам со визуелното учење. Покажете ми како да направам нешто, пред да ми објасните со зборови. Вашите упорни обиди со покажување ми помагаат да научам.
7. Фокусирајте се и насочете ја енергијата кон она што можам и знам да го направам. Како и останатите деца, тешко ми е да учам во средина која потсетува на моите недостатоци. Трудот да ме научите на нешто ново, со пропратна критика, без оглед на тоа колку се конструктивни истите ме тера да се откажам уште пред да почнам. Побарајте ги моите силни страни, она во што сум добар/а. Постојат повеќе начини да направам нешто исправно.
8. Помогнете ми со социјалната интеракција. Можеби изгледа дека не сакам да си играм со другите деца, но најчесто само не знам како да започнам разговор. Ако можете, поттикнете ги другите деца да ме повикаат да си играме, на пример игри со топка или нешто слично и ќе ми биде навистина задоволство да се вклучам во играта.
9. Обидете се да утврдите што ги предизвикува моите емоционални испади, односно нивната причина. Тие епизоди, додека вас ви изгледаат ужасни, за мене се уште пострашни настани. Доколку ја најдете причината, може да ги спречите.
10. Сакајте ме безусловно. Се се сведува на трпение. Гледајте на мојот аутизам како различност и способност, а не како недостаток. Можеби нема да контактирам со очи, но секако сте забележале дека во игрите јас не лажам, не ги зафаќам моите пријатели и не им судам на луѓето. Ти си мој темел. Размисли на некои општествени правила. Биди мој пријател и заедно ќе видиме колку далеку можам да стигнам. Можеби нема да бидам следниот Мајкл Џордан, но со моите способности можеби ќе ги стигнам Ајнштајн, Моцарт или Ван Гог. И тие имале аутизам.