Фламингата во основа се супермодели во животинското царство. Тие се високи, имаат преубави бои, и знаат да позираат.
Сега научниците мислат дека конечно ја открија мистеријата зошто овие перјасти розови убавици стојат во фамозната поза на една нога: се покажало дека фламингата може да заштедат повеќе енергија кога стојат на една нога отколку на две.
Резултатите од истражувањата на тимот американски научници покажаа дека нозете на фламингото имаат вграден механизам кој може да ги фиксира на едно место кога едната нога е исправена, а тоа значи дека не бараат дополнителна мускулна активност откако ќе се активира механизмот.
Професор Јонг Хуи Чанг од Институтот за технологија во Грузија и Д-р. Лена Х. Тинг од Универзитетот Емори во Атланта претпоставиле дека нозете на овие птици сигурно имаат некоја специфична карактеристика што ги стационира на едно место, но кога направиле испитувања на два трупа на фламинга кои ги добиле за испитување од Зоолошката градина во Бирмингем, сепак не можеле ништо да откријат.
Сепак кога Чанг ја фатил ногата на мртва птица и ја исправил, таа се фиксирала во исправена состојба, дури и без активна мускулатура. „Тогаш знаев дека сме на пат до откритие“, вели Чанг.
Многу чудно, но истражувачите откриле дека мртвите птици не можеле да стојат исправено на две нозе, за разлика кога птицата стои на една нога.
Следен чекор за овие научници бил истражување на рамнотежата кај осум млади, живи фламинго, а резултатите велат дека, кога овие птици немаат голема активност помалку се нишаат на една нога, додека кога спијат се стабилни, и трошат многу малку енергија стоејќи на една нога.
Наодите, објавени во списанието Biology letters, покажуваат дека фламингото се потпира на пасивен механизам за баланс, а не на активен кој користи мускулно напрегање.
Овие резултати, за нас се чинат контрадикторни, бидејќи за нас како луѓе, одржувањето на рамнотежа додека стоиме на една нога е прилично тешка, и бара многу енергија, контрола и напор.