Постојано гледате во монитор? Прочитајте како всушнот тоа се одразува на вашето тело и мозок.
Доколку сте еден од оние кои заработуваат за живот седејќи во некоја канцеларија пред некаков монитор, најновата студија од Калифорнискиот Универзитет во Лос Анџелес можеби непријатно ќе ве изненади.
Иако е еден вид јавна тајна дека седењето пред монитор во траење од повеќе часа не е претерано добро за вашето здравје, оваа студија покажа како седечкиот начин на живот влијае на дебелината на слепоочниот мозочен лобус кој е одговорен за помнење.
Имено, во студијата која е спроведена кај над 35 лица на возраст од 45-65 години, кај лицата кои поминувале повеќе часа во текот на денот пред монитор, забележана е потенка структура на лобусот.
Иако научниците целосно не потврдиле дека тоа е основната причина за ваквата појава, во заклучокот наведуваат дека неактивниот начин на живот може да доведе до деменција и когнитивно пореметување на подоцнежни години и дека овој начин на живот е поврзан со болести на срцето, рак на дебело црево и дијабетес.
Научниците препорачуваат физичка активност за да се избегнат таквите последици, и нагласуваат дека активноста е превентива од заболување на Алцхајмерова болест.
Исто така важно е да се напомене дека подолгото гледање во монитор го намалува трепкањето на очите за 5-7 пати, што предизвикува сувост, пецкање и црвенило на очите. Гледањето во монитор на оддалеченост од 30-60 см, не му дозволува на окото да го менува фокусот при гледањето, што за нас луѓето не е баш природна состојба.
Како можете да си помогнете? -Обидете се свесно на секои 50 минути да станете, прошетате и да го насочите погледот барем низ прозорец, по можност во природа.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























