Зошто хаските имаат сини очи?

Кај поголемиот дел од кучињата, бојата на очите е поврзана со нијансата на крзното, односно влакната. Меѓутоа, бидејќи ова не е случај кај сибирските хаски, нивните продорно сини очи веќе долго време за научниците претставуваат енигма.

Неодамна, истражувачи од одделот за биомедицина Embark Veterinary во Бостон успеале со ДНК анализа да ја откријат причината за оваа појава.

Имено, нивниот тим на чело со Адам Бојк од Ветеринарниот факултет при Универзитетот Корнел, Бостон, установиле поврзаност помеѓу кучешкиот хромозом 18 (CFA18) (посебно важен за развојот на очите кај цицачи), кој носи тандемски дупликат во близина на генот ALX4 и сините очи, карактеристични за сибирските хаски.

Сепак, овој вид не е единствен. Се покажало дека австралискиот овчар, неретко од истата причина има сина боја на очи, како и тоа дека кај некои други раси од тестирани кучиња, наведениот дупликат немал никакво влијание. Така истражувачите дошле до заклучок дека гените не се единствени кои влијаат на бојата, туку дека одредена улога имаат и други фактори.

Кога станува збор за човекот, авторите наведуваат дека сини очи се добиваат со генетички варијации помеѓу гените HERC2 и OCA2.

Истражувачите исто така додаваат дека во окото на хаските не постои син пигмент, туку впечатокот за сина боја ја остава светлината која влегува и излегува од окото. За посликовито да се долови оваа појава, истражувачите ја споредуаат со небото кое изгледа сино, иако остатокот од космосот всушност воопшто не е син.

Оваа студија, објавена во октомври, оваа година во списанието PLOS Genetics,воедно е и најсеопфатна студија кога се во прашање кучешките гени со оглед на тоа дека тимот располага со огромна база на податоци.

Поддржете ја нашата работа: