Зошто некои луѓе не разликуваат лева од десна страна?

СПОДЕЛИ

Имате ли некогаш проблем со одредување на лева и десна страна? На пример кога полагате за возачка дозвола и инструкторот ви кажува да свртите лево, а вие застанувате бидејќи не можете да одредите која страна е лева.

Доколку одговорот е да, не грижете се, не сте сами – значаен дел од популацијата има проблеми со разликување на левото од десно.

Разликувањето лево од десно е комплексен невропсихолошки процес кој вклучува неколку повисоки невролошки функции, како што се способноста за поврзување сензорни и визуелни информации, јазичната функција и помнењето.

Спојувањето на визуелните, јазичните и слушачките информации во комбинација со памтењето ја создава перцепцијата дали се работи за лева или десна страна.

На пример, додека одите некаде, ако завртите лево наместо десно, тоа нема да ви остави некакви трајни последици, но погрешната страна во текот на некој хируршки зафат може да има фатални последици.

Заради такви грешки се случувало на пациентот да му биде изваден погрешен бубрег или да му биде ампутирана погрешна нога. Можеби звучи неверојатно, но тоа е вистина.

Докажано е дека конфузијата на лева и десна страна многу почесто се јавува кај жените, отколку кај мажите кои главно имаат подобра ориентација во просторот.

Во истражувањето, објавено во списанието Medical Education, научниците ја истражувале способноста на студентите по медицина за правилно разликување на левата од десната страна.

Објективната анализа покажала дека способноста на поединците да направат проценка што е лево а, што десно не била прецизна. Многу од студентите мислеле дека за тоа нема да имаат проблем, но анализите го покажуваат спротивното.

Луѓето кои имаат постојан проблем да ги разликуваат страните, често развиваат техники кои им помагаат во одредени ситуации. На пример, некои прават латинично L со прстите. Она кое е правилно свртено, таму е левата страна.

Автор: Џерард Гормли, општ лекар од Кралскиот Универзитет Белфаст

 

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------