(ВИДЕО) Во Шведска ќе се гради цел мал град од дрво

snapshot/youtube/global update

Дали може да се изгради цел град од дрво? Една шведска компанија смета дека тоа е возможно.

Компанијата „Атриум Лјунгберг“ претставила план за изградба на најголемиот дрвен град во Стокхолм. Изградбата ќе започне во 2025 година, а првите згради треба да бидат готови во 2027 година. Компанијата сака да го промени урбаниот начин на живеење преку оддржливи иновации и естетска исклучителност, се вели во нивното соопштение.

Дрвените материјали за изградба доведуваат до помалку емисии на јаглерод диоксид во однос на другите традиционални материјали.

Дрвениот град ќе се простира на површина од 250.000 квадратни метри, ќе има 7.000 канцеларии и 2.000 домови. Предвидени се и ресторани и продавници.

Проектот треба и да помогне во решавање на проблемот со недостаток на канцелариски простор во главниот град на Шведска.

Извор: Interesting engineering

Поддржете ја нашата работа: