Во водите на Антарктикот, на длабочина од околу 3.000 метри, се пронајдени остатоците на истражувачкиот брод „Ендјуранс“, кој потона пред повеќе од еден век, откако претходно беше оштетен од мраз, соопшти истражувачкиот тим.
Едреникот со три јарболи исчезнал во ноември 1915 година за време на неуспешниот обид на британскиот истражувач Ернест Шеклтон за прв пат да го премине Антарктикот.
Претходните обиди за лоцирање на бродот, чија локација ја забележал тогашниот капетан Френк Ворсли, пропаднале поради тешките услови во Веделовото море, оковано со мраз под кој се наоѓал бродот, пренесува Ројтерс.
Сепак, мисијата „Endurance 22“, организирана од хуманитарната организација „Falklands Maritime Heritage Trust“, користејќи напредни подводни возила опремени со камери и скенери со висока дефиниција, дојде до остатоците од бродот.
На снимката се гледа дека бродот е во исклучително добра состојба, а неговото име е јасно видливо на крмата.
„Ние сме обземени од среќа. Ова се убедливо најдобро зачувани остатоци од бродолом. Тој е недопрен и добро сочуван“, изјави Мансун Баунд, директор на истражувачката експедиција.
И покрај тоа што останале заглавени на мразот, сите морнари од 28-члениот екипаж на Едуранс се вратија дома живи. Движејќи се пеш низ мразот пред да испловат сто три чамци кон ненаселениот остров на Слоновите.
Оттаму, Шеклтон и екипажот веслале околу 1.300 километри со чамец за спасување до Јужна Џорџија, каде што побарале помош.