(ВИДЕО) Изум кој може да спаси милиони – машина произведува вода за пиење од воздухот

Шпанската компанија смисли систем за извлекување на вода за пиење од воздухот што ќе ги снабдува сушните области каде што луѓето очајно имаат потреба од вода за пиење.

„Целта е да им се помогне на луѓето“, вели Енрике Вега, 82-годишен инженер, кој ја измислил машината за време на силната суша во јужна Шпанија во 1990-тите.

– Целта е да стигнеме до места како бегалски кампови кои немаат вода за пиење – додаде тој.

Неговите уреди Акваер веќе испорачуваат чиста и безбедна вода до локации во Намибија и Либан.

– Во селата што ги посетивме во Намибија, тие беа запрепастени. Не разбраа, прашаа од каде доаѓа водата, вели тој.

Поддржете ја нашата работа: