Дознајте како „SoundWatch“ може да го промени животот на глувите и наглувите лица

Нова апликација за паметни часовници ги предупредува корисниците кои се глуви или не слушаат доволно добро за звуците во близина при тоа детектирајќи го видот и изворот на звукот

Апликацијата SoundWatch спари паметен часовник и телефон со Android. Часовникот снима амбиентални звуци и ги испраќа тие податоци на телефонот за обработка. Кога телефонот открива звук од интерес, паметниот часовник вибрира и прикажува известување.

„Главната мотивација [за апликацијата] дојде од сопственото искуство и разговорите што јас и моите колеги ги имавме со глуви и наглуви луѓе во текот на неколку години“, вели „Dhruv Jain“, кој го претстави системот, наречен SoundWatch, на виртуелна конференција на 28 октомври.

„Jain“ кој и самиот има проблем со слухот, го користи SoundWatch дома за да избегне спиење за време на активен аларм за чад како и за многу други нешта.
„На прошетка во природа, ќе ми каже дека има чврчорење птици, или може да има водопад во близина“, вели тој. „Тие звуци прават да се чувствувам поприсутен и поврзан со светот“.

Апликации за детекција на звук за паметни телефони постојат. Но, „Jain“ претпочита звучните известувања да бидат на неговиот зглоб, отколку во неговиот џеб – а анкетите на луѓе кои се глуви или наглуви покажуваат дека тој не е сам.

„Jain“ и колегите сега работат на верзија на SoundWatch што корисниците можат да ја обучат за да препознаат нови звуци, како што е нивниот аларм во куќата, користејќи само неколку снимки што самите ќе ги снимат.

Поддржете ја нашата работа: