Животот на Земјата дошол од вселената? Објавено клучно откритие на еден астероид

Две органски соединенија, неопходни за живите организми, се пронајдени во примероците од астероидот Руигу, што ја поддржува теоријата дека некои состојки клучни за појавата на живот пристигнале на Земјата со карпите од вселената пред  неколку милијарди години.

Имено, научниците објавија дека откриле аминокиселини урацил и ниацин во карпите земени од сондата Хауабуса на Јапонската вселенска агенција во 2019 година од две локации на Рујг, пишува Јурактив.

Урацилот е еден од градежните блокови кои ја сочинуваат РНК, молекули кои носат инструкции за создавање и функционирање на живи организми.

Никотинската киселина, позната и како витамин Б3 или ниацин, е важен кофактор за метаболизмот кај живите организми, а исто така е откриена во истите примероци.
Примероците од Руигу беа транспортирани 250 милиони километри назад на Земјата во запечатена капсула што слета во 2020 година на австралиска почва за понатамошна анализа во Јапонија.

Научниците долго размислувале за условите кои биле неопходни за појава на живот по формирањето на Земјата пред околу 4,5 милијарди години.

Новите наоди добро се вклопуваат со хипотезата дека градежните блокови на животот дошле на нашата планета преку комети или астероиди.

Кога Земјата била во своите „млади денови“, често пати била „бомбардирана“ од комети, метеори и астероиди кои носеле многу материјал богат со соединенија кои помогнале да се отвори патот за првите живи организми.

„Нашето клучно откритие е дека урацилот и ниацинот, кои и двата се од биолошко значење, се навистина присутни во вонземски средини и можеби биле доставени до раната Земја како компонента на астероиди и метеорити. Веруваме дека тие одиграле улога во еволуцијата на пребиотиците на Земјата и веројатно во потеклото на првиот живот“, рече астрохемичарот Јасухиро Оба од Универзитетот Хокаидо во Јапонија, главен автор на истражувањето објавено во списанието „Nature Communications“.

Поддржете ја нашата работа: