Идејата дека треба да пиеме барем осум чаши вода дневно е бесмислена, покажува ново истражување. Се чини дека луѓето може да бидат здрави дури и доколку пијат половина од препорачаната доза вода. Меѓутоа, потребите за вода зависат од индивидуалецот.
Истражувањето било направено на над 5.600 луѓе од 26 земји на сите возрасни. Тоа открило дека на мажите им е потребно најмногу вода во 20-тите години, а потребите за вода на жените се исти од 20 до 55 години.
Главниот автор на истражувањето, Дејл Шолер од Универзитетот во Висконсин, Медисон, објаснил дека науката никогаш не ја поддржувала теоријата за осум чаши вода дневно.
Истражувањето ги нуди најдобрите индикации за водата што треба да се пие. Според тоа, просечен 20-годишен маж со нормална телесна тежина кој живее во земја со клима како во Обединетото Кралство треба да внесува околу 3,2 литри течност дневно. За жените на истата возраст, потребни се 2,7 литри течност дневно.
Лицата што трошат повеќе енергија треба да пијат повеќе вода од просекот, како и оние со поголема телесна тежина. Атлетичарите користат околу 1 литар повеќе течности дневно.
Извор: Indy100