Според најновата студија објавена на 14 Септември во „Nature Astronomy“ облаците на Венера содржат миризлив, токсичен гас што најчесто го произведуваат бактерии.
Гасот познат како „Phosphine“ е откриен во атмосферата на Венера во концентрација од 20 делови од милион, концентрација која е доволно голема и која е невозможна да се произведе со познати хемиски процеси во атмосверски услови како на Венера.
Истиот гас освен на нашата планета за чие производство е виновен живиот свет е забележан само на Јупитер , меѓутоа условите на џиновскиот Јупитер ( огромни притисоци и температури ) се невозможни на Венера.
На Венера нема високи температури и притисоци да формираат фосфин како кај гасните гиганти, како што е Јупитер, и неговото присуство бара алтернативно објаснување.
Вториот аргумент за можно присуство на живот кој го произведува фосфинот покрај неможноста истиот да се произведе Венера со досегашните познати хемиски процеси е и фактот дека истиот тој е многу осетлив на ултравиолетовото зрачење како и на сулфурна киселина нешта што ги има во изобилие на Венера.
Според целата светска наука се предпоставува дека не е можно молекулот на Фосфинот да опстои долго време во атмосверата на Венера и неговото присуство мора да е од некој извор што активно го произведува.
Трудот во кој се објавува откритието сугерира дека фосфинот „може да потекнува од непозната фотохемија или геохемија или, по аналогија со биолошкото производство на PH3 на Земјата, од присуството на живот“
„Педесет километри над површината на Венера, условите се исти со оние пред вашата влезна врата “, барем во однос на атмосферскиот притисок и температура, вели планетарниот научник Санџај Лимаје од Универзитетот во Висконсин – Медисон, кој не бил вклучен во новата студија. Хемијата е вонземска но сепак „тоа е гостопримлива средина за живот“.