Ова идилично место било омиленото летувалиште на Адолф Хитлер

На нацистичкиот лидер Адолф Хитлер едно од омилените места за одмор му било  Оберзалцберг, каде своевремено го имал поставено второто седиште на владата.

Оберсалцберг е сместен во импозантниот свет на Баварските Алпи, на илјада метри надморска височина. Погледот одозгора е спектакуларен. Го сакал и самиот Адолф Хитлер, кој својот одморот таму го поминувал од 1923 година. Како нормален турист, Хитлер бил „комуникативен човек“, како што подоцна изјавил тогашниот сопственик на пансионот во кој престојувал идниот нацистички диктатор и масовен убиец. Во 1925 година, Хитлер изнајмил дрвена куќичка на ова место во близина на австриската граница, каде што го напишал вториот дел од неговиот програмски памфлет „Mein Kampf“. Подоцна, тој престојувал во селската куќа „Вахенфелд“.

Тој ја купил куќата веднаш штом ја освоил власта во 1933 година. Ја пренаменил во луксузен „Бергхоф“ – панорамски прозорци, подрумски бар, куглана. Околу седиштето е изградена „фирерска област“ од сто хектари, забранета за обичните смртници. Куќи таму изградиле и маршалот Херман Геринг, архитектот Алберт Шпер, но и други нацистички водичи. Сите поранешни сопственици морале да ја продадат земјата, а оние кои не сакале, биле однесени да размислат за тоа во концентрациониот логор Дахау. Местото набрзо станало еден вид нацистичка елитна населба.

Поддржете ја нашата работа: