Дали би го убиле Хитлер кога би бил бебе?

Ладнокрвните психопати се меѓу најуспешните луѓе во општеството, бидејќи често се немилосрдни, нечувствителни и површно шарматни, без грижа за чувствата и потребите на другите.

Според Кевин Датон, автор на книгата „Мудроста на психопатите: Што можат да не научат светците, шпионите и сериските убијци за успехот“ (анг. The Wisdom of Psychopaths: What Saints, Spies and Serial Killers Can Teach Us About Success), психопатите можат да се справат со секаков вид на непријатни кризи. На пример, испраќањето на илјадници војници во војна не е нешто што луѓето лесно можат да го носат на својата совест, истакнува тој. Психопатите често имаат тенденција едноставно да бидат „лицата кои можат да ја завршат работата, а се морално помалку претенциозни.

Па како да се примени ова на моралните енигми во секојдневниот живот?

Датон го објаснува т.н. проблем со возот (trolley problem) – тест каде што одговорите на психопатите значително се разликуваат од одговорите на нормалните луѓе.

Ако психопатите се утилитаристи во срцето, како тоа влијае на нивната одлука во други сценарија? Датон презентира неколку варијации на проблемот со возот. На пример, замислете си дека сте хирург за трансплантации и имате можност да спасите многу животи со тоа што ќе одземете само еден живот. Или, дали би убиле бебе кога би знаеле дека ќе порасне во Хитлер? Погледнете го видеото!

Поддржете ја нашата работа: