Откриени фосилни остатоци од диносаурус во Трансилванија

Меѓународен тим предводен од унгарскиот палеонтолог Габор Ботфалваи откри уникатно наоѓалиште на фосили од диносауруси во романскиот регион Трансилванија, велат од природно научниот музеј за историја во Будимпешта.

Фосилни остатоци од коски се пронајдени во западниот дел на Хацег и даваат уникатен увид во доцниот период на креда, што претходеше на ненадејното масовно истребување на диносаурусите, се вели во соопштението на музејот.

Споменатото наоѓалиште во Трансилванија е означено уште во почетокот на 19 век од унгарски палеонтолог кој собрал богата колекција на фосилни остатоци од диносауруси и други влекачи.

Тимот на Ботфалваи, поминал неколку недели на локалитетот во Трансилванија, каде што се пронајдени повеќе од 100 фосилни остатоци од ‘рбетници, меѓу кои и коски од крокодили, желки и сауропод.

Деталите од истражувањето се објавени во списанието Cretaceous Research.

enauka.mk
9,240наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.