Откриено најстарото пишано сведоштво за постоење на ТОПЧЕСТА МОЛЊА

На 7 јуни 1195 година, огнена топка што се врти се појавила од голем темен облак  во близина на лондонските конаци кај месноста Норвич. Сведоците на таа необична случа воопшто не биле свесни дека природниот феномен што го гледаат ќе им пркоси на научниците повеќе од 800 години. Она што тие го забележале ги имало сите белези на таканаречените топчести молњи: атмосферски ефект, чие потекло останува необјаснето, пренесува Live Science.

Извештајот за овој необичен момент преживеал во монашката архива, а бил напишан помеѓу 1180 и 1199 година, од Гервасе, монах на Христовата катедрала во Кентербери. Се чини дека ова е првиот веродостоен пишан запис за топчести молњи во Англија и многу поубедлив од претходниот европски опис. Претходно се веруваше дека најраниот запис за видување на ретката појава е од 17 век.

Ова обемно дело (скоро 600 страници) ги бележи историските настани во Англија и пошироко. Написот вклучува описи на затемнувања на Сонцето и Месечината, земјотреси и поплави.

„Прекрасен знак“ на небото

Ја откривме приказната за топчестата молња додека ги истражувавме записите на Гервасе за природните настани во неговата хроника, кои даваат увид во средновековната култура, наведуваат авторите на текстот објавен во The Weather, списание на Кралското метеоролошко друштво.

Описот на Гервасе за топчестата молња е неверојатно сличен на современите извештаи. Тој со цели 450 години му претходи на најраниот современ извештај за топчести молњи во Англија, кој ја опишува истата појава за време на бурата од 21 октомври 1638 година во Видекомб, Девон.

Долго време топчестите молњи се гледаа со скептицизам. Иако сега се општо прифатени како вистински феномен со илјадници пријавени видувања, сè уште не постои прифатено научно објаснување за нивното потекло. Тие се една од најстарите научни загатки што останува нерешена.

Разбирањето на топчестата молња е попречено од неможноста да се репродуцира ефектот во лабораторија и делумно поради варијациите во извештаите на очевидците.

Некои извештаи тврдат дека Никола Тесла бил единствен кој успеал да создаде топчеста молња.

Поддржете ја нашата работа: