Пресметката за набавка на недвижен имот во вселената ја објави британски кредитен посредник. По депозитот од 4,35 милиони евра, месечната рата за кредит за 25 години би изнесувала 272,5 илјади евра.
За да се подигне хипотекарен кредит за купување недвижен имот, потребна е обемна документација. Барем така беше кога овој автор се занимаваше со тоа. Критичниот момент е проценка на вредноста на имотот, кој секогаш може да биде предмет на спор. И сега се поставува прашањето како може да се направи таа проценка ако имотот се наоѓа на – Месечината.
Се знаат и најдобрите локации!
Money, британскиот посредник за кредитирање, на својата интернет страна, ја објави првата проценка за тоа колку би чинела хипотека за некоја недвижнина на Месечината.
Мотивите за селење на Месечината се веќе познати. Земјата е веќе пренаселена, па затоа, некои сметаат дека иднината треба да се гледа кон другите небесни тела. Претерано или не, Money размислува и за решение за купување недвижнини на Земјиниот сателит. И, тие се водени од логично размислување, а тоа е дека дефинитивно не може да биде само обична куќа, туку комплетно нова градба што може да издржи на суровите услови што владеат на Месечината.
И тука се трошоците за превоз од Земјата. Претпоставувам и за назад. Како најбарана локација, тие го посочуваат регионот Sea of Rains, каде квадратен метар земја би ве чинело околу 30 евроценти на метар квадратен, а во Sea of Tranquility 4 евроценти. Понатаму проценуваат дека за изградба на просечна катна куќа од 72 квадратни метри потребни се најмалку 26 работници со алатки, опрема и материјали.
Бидејќи земјиштето е на оддалечена локација, треба да се земат предвид трошоците за превоз, кои ќе бидат 6,75 милиони евра поради големата оддалеченост (384.000 км). Материјалот и опремата за нова куќа мора да бидат далеку посилни и потрајни отколку кога станува збор за изградба на Земјата, греењето мора да бидае еднакво на она како за фабрички погон, вратите да имаат воздушна комора, прозорците да издржат удар на метеор, а изворите на енергија мора да бидат сосема различни. Сето ова би чинело 33,75 милиони евра.
Значи, сите заедно, земјата, патот и изградбата би чинеле повеќе од 40,5 милиони евра. Ете да претпоставиме дека најверојатно нема да бидеме први, па тогаш споменатите трошоци ќе бидат пониски, што сепак се 34 милиони евра. Или можеби трошоците ќе бидат повисоки?
И ајде да претпоставиме дека, сепак, ќе ја купите првата куќа на Месечината, па ако ја земеме реалната маргина на профит од градежништвото од 27 проценти, тогаш опишаната куќа ќе се понуди на пазарот за 51 милион евра.
Кога оваа конструкција ќе започне да се гради, и веќе неколку згради ќе се наредат на Земјиниот сателит, тогаш трошоците за транспорт на алатки и опрема што се веќе таму можат да бидат исклучени од сè, така што ќе се достигнат „толерантни“ 43,5 милиони. Ако аванс е 10 проценти, тоа значи дека треба да имате 4,35 милиони евра, и колку ќе плаќате месечно, треба да се консултирате со банка која би била подготвена да ви одобри ваков заем.
За понудите прочитајте тука, и тука а за да донесете заклучок дали ова е измама или е легитимно, тука или по ваш избор.