Социјалните мрежи предизвикуваат депресија?

Младите луѓе кои повеќе ги користат социјалните мрежи имаат значително поголема веројатност да развијат депресија. Тоа е пораката на Брајан Примак, професор по јавно здравје на Универзитетот во Арканзас и автор на истражувањето за кое пишуваме.

Во студијата се споредувани учесниците кои користеле социјални мрежи помалку од 120 минути на ден и оние кои ги користеле повеќе од 300 минути на ден. Резултатот е дека оние кои користеле повеќе социјални мрежи имале 2,8 пати поголема веројатност да станат депресивни за шест месеци.

Ова е прва студија што ја споредува врската помеѓу употребата на социјални мрежи и депресијата во зависност од времето на употреба. Трудот е објавен во списанието „Превентивна медицина“ во февруари 2021 година.

Досега, некои истражувања ја допреа врската помеѓу депресијата и социјалните мрежи, но без конкретен одговор. Досега не се знаеше точно дали депресијата предизвикува зголемена употреба на социјални мрежи или обратно. Ова истражување докажува дека првичната употреба на социјалните мрежи е поврзана со развој на депресија, но почетната депресија не е поврзана со зголемената употреба на социјалните мрежи.

Студијата вклучила 1.000 луѓе на возраст од 18 до 30 години во САД. Депресијата е измерена со стандарден прашалник за менталното здравје, а испитаниците биле прашувани колку време поминуваат на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Редит, Инстаграм и Снеп Чет. Мерењето на прецизно време поминато на индивидуална апликација денес е возможно, со оглед на тоа што повеќето паметни телефони имаат можност за следење на времето поминато на мобилен телефон. Истражувањето исто така ги анализирало демографските фактори како што се возраста, полот, расата, образованието, приходот и вработувањето.

Но, зошто социјалните мрежи предизвикуваат депресија? -Одговорот е дека всушност проблемот со депресија настанува како резултат на долгото време поминато на социјални мрежи. Тоа може да го попречи здравото создавање на лични односи, постигнувањето на личните или професионални цели и личното размислување.

Другиот проблем со прекумерната употреба на социјалните мрежи е постојаното прикажување на позитивното. Ова значи дека луѓето на социјалните мрежи често се опкружени со луѓе чии животи изгледаат совршени. Ова може да биде особено тешко за адолесцентите кои се во критични животни премини поврзани со развој на идентитетот и сметаат дека не можат да се мерат со невозможните идеали на кои се изложени. Овие идеали во мали количини можат позитивно да влијаат на развојот на младите, но повторно проблем е времето кое го поминуваат на социјалните мрежи, не давајќи придонес и напредок во реалноста.

Поддржете ја нашата работа: