Зошто исчезнале диносаурусите?

Диносаурусите биле пред изумирање дури и пред страшниот астероид да удри на Земјата, пред 66 милиони години – пишува Гардијан.

Диносаурусите за прв пат се појавиле пред околу 230 милиони години, а нови видови се појавувале многу почесто од што изумирале старите.

Истражувањето спроведено од страна на научници од универзитетот Бристол и Рединг, покажува дека сето ова почнало да се менува и да се загрозува опстанокот на овие животни, многу пред астероидот да удри на Земјата и засекогаш да стави крај на нивното постоење.

За истражувањето, научниците ги поделиле диносаурусите во неколку семејства и ги следеле нивните подеми и падови низ милиони години. Истражувањето покажало дека пред 220 милиони години биле во подем, кога се појавувале нови видови диносауруси, кои го надокнадувале изумирањето на старите. Но околу 140 милиони години пред нашата ера, нивниот напредок се успорил, а околу 90 милиони години п.н.е. влегле во фаза на долгорочно, но неизбежно изумирање.

Прилагодувањето на новите климатски услови и на новите видови меѓу нив, бил тежок процес за диносаурусите. На нивната состојба влијаело подигнувањето на нивоата на морињата што ги раздвоило копнените површини, а со тоа настанала и изолација на некои од заедниците, велат биолозите што работеле на истражувањето.

Останале многу малку примероци од диносаурусите кога астероидот удрил на Земјата, па затоа целосно го истребил овој вид.

Поддржете ја нашата работа: