Дебелината е најголемиот придонесувач за попреченост во Европскиот регион на Светската здравствена организација – СЗО, а тековните трендови предвидуваат дека во некои земји дебелината ќе ги надмине другите фактори на ризик и ќе стане највисок фактор на ризик за развој на рак. Луѓето кои живеат со дебелина, според СЗО, често имаат проблеми со менталното здравје.
Во европскиот регион, две третини од возрасните и едно од три деца на основно училиште живеат со прекумерна тежина или дебелина. Прелиминарните податоци сугерираат дека пандемијата на ковид-19 го влоши проблемот со дебелината. Новиот извештај има за цел да ја истакне големината на овој проблем и да ги забрза напорите за негово решавање. Извештајот ги вклучува најновите препораки засновани врз докази што треба да ги земат носителите на одлуки.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























