Научниците сакаат да зборуваат со животните со помош на вештачка интелигенција

Дали би сакале да знаете што сака вашиот домашен миленик? Дали би сакале животните да ве разбираат? Ова звучи како научна фантастика, но би можело да стане реалност со помош на вештачката интелигенција.

Непрофитната организација „Ерт спишис проџект“ (Earth species project) има цел да користи вештачка интелигенција за да ја декодира животинската комуникација.

Идејата се заснова на големи јазични модели кои откако течно би го разбирале човечкиот говор, би можеле да се применуваат и за разбирање и дешифрирање на комуникацијата кај животните. На овој начин вештачката интелигенција би можела да биде врската во комуникацијата помеѓу луѓето и животните.

Од организацијата изјавиле дека се надеваат дека разговорот со животните ќе го трансформира нашиот однос со остатокот од природата.

Извор: Smart Life

Поддржете ја нашата работа: