Дали воопшто постои посимпатична бубачка од бубамарата?! И млади и стари, сите ги сакаат. Еве 10 интересни факти за бубамарите.
1. Бубамарите не се бубачки, туку бумбари
Терминот бубачки се однесува на инсектите од редот „Hemiptera“. Бубамарите припаѓаат на „Coleoptera“ или тврдокрилци. Терминот бубамари се користи повеќе од 500 години.
2. Зборчето „мара“ во бубамара (или англиското „lady“ во ladybug/ladybird) потекнува од Дева Марија.
Легендата вели дека посевите во Европа, во текот на Средниот Век, биле оштетени од разни инсекти-штетници, па фармерите започнале да се молат на Богородица, Дева Марија. Наскоро, се појавиле бубамари во нивните полиња и посевите биле чудесно спасени од штетниците. Така започнале да ги нарекуваат бубамари. Црвената боја ја претставувала наметката на Дева Марија, а црните точки нејзината тага.
3. Бубамарите „крварат“ од колената кога се во опасност
Кога бубамарите чувствуваат дека се во опасност, од нивните колена излегува смрдлива течност која остава жолти дамки на површината под нив. На тој начин ги заплашуваат предаторите.
4. Светлите бои на бубамарите ги предупредуваат предаторите
Исто како и многу други инсекти, бубамарите ја користат бојата за да ги предупредат предаторите кои се научени да избегнуваат оброци во јаки бои поради нивната токсичност.
5. Во текот на својот живот, една бубамара може да изеде 5 илјади лисни вошки.
А во текот на еден ден, една гладна возрасна бубамара може да изеде дури 50 вошки. Ова е главната причина поради која градинарите ги сакаат.
6. Ларвите на бубамарите личат на мали алигатори, со издолжено тело и боцкава кожа.
Доколку претходно не сте запознаени со нивниот изглед, никогаш не би ни претпоставиле дека овие чудни суштества се всушност бебиња-бубамари.
7. Научниците сметаат дека бубамарите може да положат и плодни и неплодни јајца.
Тие положуваат неплодните јајца кои служат како храна за младите ларви кои се изведуваат од плодните јајца, со цел да имаат подобри шанси за преживување.
8. Возрасните бубамари хибернираат
Како што деновите стануваат покуси и температурите пониски, стотици бубамари може да побараат засолниште во кората на дрвјата, под лисјата или пак на друга заштитена локација.
9. Бубамарите практикуваат канибализам
Кога немаат храна, тие прават се за да преживеат, дури и ако тоа значи да се изедат едни со други. Новооформените бубамари и ларви се доволно меки за една просечна бубамара да може да ги соџвака.
10. Точките на грбот не ја одредуваат возраста на бубамарата
Колку и да е забавно броењето на црните точки, тие немаат никаква врска со нивната возраст. Во некои случаи, може да се одреди видот на бубамарата според бројот и местоположбата на точките (на пр. бубамарата со седум точки).