1. Меурестата фока има мебрана која кога ќе се надува изгледа како голема топка
Мажјакот меуреста фока може да ја надува мембраната до големина на фудбалска топка. Ова служи да ги заплаши ривалите за време на сезоната на парење. Покрај тоа, овој мажјак може да надува црево слично на балон од една од ноздрите. (извор)
2. Лигер е хибрид што се добива со вкрстување на лав и тигрица
Лигерот е најголемата мачка на светот и познато е дека добива по 1 килограм секој втор ден. Може да достигне тежина и до 450 килограми и должина од 3 до 3,6 метри. (извор)
3. Гепардот – најбрзото копнено животно може да достигне брзина од 0 до 100 км/час за само 3 секунди
Телото на гепардот е создадено за големи брзини. Тој може да трча со брзина и од 112 км/час. (извор)
4. Кокосовата краба е најголемиот сувоземен рак со распон на нозете што достига и до еден метар
Овие краби во поголем број ги има на островите во Пацификот и во Индискиот океан. Тие се хранат со овошје, зеленчук, птици пилиња, мачиња, а понекогаш и со други краби. Овие краби се експерти за качување по дрва. Ако не можат да најдат кокос на земја, тие се качуваат на дрво и го сечат кокосот со своите канџи. (извор)
5. Диплодокусот можел да ја замавне својата опашка толку брзо што ја пробивал звучната бариера, предизвикувајќи звук сличен на топовски удар
Диплодокусот бил најдолгиот диносаурус, со опашка која содржела околу 80 пршлени. Долгата опашка претставувала противтежа на долгиот врат. Диплодокусот можел да ја движи опашката со суперсонична брзина, предизвикувајќи неверојатно силен звук. Звукот најверојатно служел да ги заплаши потенцијалните напаѓачи или ривали или како знак за комуникација или за додворување. (извор)
6. Еден истражувач открил ретка врста на куче. Се работи за куче со двоен нос, откриено во Амазонија, наречено Андеански тигар со двоен нос (double-nosed Andean tiger)
Истражувачот, полковник Џон Блашфорд-Шел неодамна го забележал ова куче во Боливија. Ова куче изгледа како и другите кучиња, но ноздрите му се разделени со преграда од кожа. Се смета дека заради двојниот нос, има поизострено чувство за мирис.
Ова куче веројатно води потекло од расата „Pachon Navarro“, што е честа раса во Шпанија. Се смета дека шпанските освојувачи го пренеле ова куче во регионот на Андите. (извор)
7. Дракулин – протеин што се наоѓа во плунката на вампирските лилјаци, спречува згрутчување на крвта на пленот додека лилјакот се гости со неговата крв
Овој лилјак се храни со крвта од својот плен. Кога ќе го касне пленот, тој му вбризгува дракулин кој спречува крвта да се згрутчи. Тој не цица туку пие од крвта која блика од пленот. Крвта продолжува да тече се додека не престане дејството на дракулинот. (извор)
8. Марлините (sailfish) се најбрзите риби кои можат да достигнат брзина и до 110 км/час
Ова се морски риби, кои обчно ги има во топлите и умерените води во океаните. Обично се наоѓаат подалеку од копното. (извор)
Преземено од „UNB FACTS“.