10 ужасни суштества пронајдени во човечко тело

Веројатно ви звучи одвратно кога некој вели дека проголтал мушичка, или пајак, но во споредба со овие факти, тоа не е ништо.

Без оглед на хигиената и околината во која живееме и патуваме, човечкото тело има доста отвори кои се како отворена покана за суштествата кои лазат. Иако следниве примери се екстремни, тие се документирани и вистинити.

1. Риба во мочниот меур

Едно 14-годишно момче, итно е пренесено во болница поради силни болки во долниот дел на стомакот, а лекарите со ултразвук ја барале причината за болка. На нивно изненадување, пронашле риба, долка околу 2,5см заглавена во мочниот меур. Веруваат дека залутала до таму додека момчето уринирало. Кандира, рибата која живее во водите на Амазон е позната по тоа, но ова момче не било ни блиску до Амазон…

2. Молец во увото

Еден млад американец, бил на роденденска забава кај свој пријател, и одлично се забавувал во првиот пола час додека во увото не му влетал молец. Додека се обидувал да го извади, само го потиснувал подлабоко во каналот. На крај, молецот е успешно изваден со пинцета, а во неговото уво е пронајден и крлеж.

3. Шишарка во белите дробови

Маж на возраст од 28 години, ненадејно почнал да чувствува интензивна болка во градите и почнал да искашлува крв. Лекарите се сомневале дека станува збор за карцином на белите дробови, што потврдил и рендгенот. Пред операцијата, хирургот направил биопсија и сфатил дека во белите дробови на човекот се развила шишарка од зимзелено дрво. Не знаеле како се развила шишарката, а некои шпекулираат дека човекот проголтал семе, и на некој начин нараснала шишарка во неговите бели дробови.

4. Јагула од половина метар во ректумот

Кинез, по професија готвач на 59 годишна возраст, се пријавил во болница поради треска, болки во стомакот и тешко ректално крварење. Лекарите се сомневале на рак и се одлучиле на експлоративна лапаротомија. Пронашле азиска јагула во неговиот ректум, долга околу 50 сантиметри.

5. Пајак кој лази под кожа

Австралијанец, кој летувал на Бали забележал голема црвена дамка на своето тело, на местото каде што неодамна положел на операција од слепо црево. Локалните лекари го убедувале дека станува збор за каснување од некој инсект и му препишале антиалергиска крема. По нанесувањето телото му станало опсипано со меури. Се вратил во болница, а натамошните анализи откриле дека се работи за тропски пајак кој влегол во неговото тело низ свежиот рез и лазел под неговата кожа 3 дена.

6. Црви во увото

Една старица на 92 години, постојано го чешала своето уво, а мислела дека е воспаление кое често го имала поради проширен ушен канал. Одведена е во болница бидејќи симптомите не престанувале да се манифестираат ни по терапија со антибиотици. Таму, во нејзиното уво се пронајдени 57 црви.

7. Црви во окото

Видот мува Ботфлај, своите јајца ги полага во други инсекти, како комарци, кои потоа можат да ги пренесат на луѓе преку каснување. Ларвата се развива околу осум недели, а потоа доаѓа до пукање на кожата.

8. Тенија во мозокот

Како на телевизиската серија Д-р Хаус, кај еден човек е откриено дека причината за неговите епилептични напади, губењето на меморијата и главоболките е тенија во мозокот.

9. Сперма од лигњи

Една жена уживала додека јадела сирови лигњи, додека не почувствувала нешто необично на јазикот. Имено загризала вреќичка во која се наоѓа сперма од лигњата, а сперматозоидите продреле низ влажната мембрана на нејзиниот јазик и образи. Со хируршки зафат, лекарите морале да отстранат 12 необични форми од нејзината усна празнина.

10. Друг човек во телото

Постојат бројни случаеви во кои лекарите претпоставувале дека луѓето имаат тумор, но всушност станува збор за нивни паразитски близнаци – остатоци од коски, нокти и коса. До тоа пореметување доаѓа веќе во математика, но проблемот се јавува ако таквото ткиво се поврзе на крвотокот, каков што е случајот кај еден маж, каде неговиот брат израснал толку многу, што му е веќе уништена градната коска.

Поддржете ја нашата работа: