Малку поинаква листа на најсмртоносни животни која се однесува на бројот на луѓе кои умираат секоја година поради нив. Оваа листа првенствено се однесува на болести кои се пренесуваат ненамерно, а ако мислите дека ајкулата треба да биде на прво место, размислете повторно.
15. Ајкула
Нападите од ајкули кои завршуваат фатално се доста ретки. Просекот се движи од 3 до 6 луѓе годишно.
14. Волк
Нападите од волци не се вообичаена појава во многу делови од светот каде тие живеат. Просекот на изгубени животи од страна на волци на годишно ниво е околу 10.
13. Лав
Проценката на смртоносни напади од лав варира од година на година. Тешко е да се забележат конкретни бројки, но од она што е познато, се знае дека епицентарот се наоѓа во Танзанија, каде од 1990 година до сега животот го загубиле 563 лица. Глобалниот годишен просек изнесува 22 смртни случаи.
12. Слон
Слонот е исто така одговорен за голем број на човечки смртни случаеви. Просекот на годишно ниво се движи отприлика околу 500.
11. Нилски коњ
Нилските коњи кои убиваат во просек 500 лица годишно се сметаат за едни од најопасните африкански животни.
10. Тенија
Ако малку се префрлиме на паразитите, ќе откриеме меѓу нив тении како предизвикувачи за околу 700 смртни случаеви годишно.
9. Крокодил

Проценките за смртни случаеви во Африка од страна на крокодил годишно се движат околу 1000.
8. Дечји глисти

Овие глисти се одговорни за аскариоза инфекции, воглавно кај децата. Тие земаат годишно околу 4.500 животи .
7. Це-Це мува
Мувата Це-Це предизвикува смртоносна паразитска инфекција од која страдаат 10.000 животи годишно.
6. Триатомида
Триатомидата е преносител на Чагасова болест. Резултатот е 12.000 смртни случаеви на годишно ниво.
5. Речен полжав

Овие полжави во себе носат метил кој пренесува шистозомијаза, а истата предизвикува смрт на околу 20.000 лица годишно.
4. Куче
Кучињата се најдоа на оваа листа бидејќи пренесуваат болести. Иако тие болести се спречуваат со вакцинација на животните, сеуште носат 35.000 човечки животи годишно. Од оваа бројка, 99% се од каснувања од куче.
3. Змија
Змиите носат 100.000 човечки животи годишно.
2. Човек
Човекот е најсмртоносен цицач во светот кој се обврзува годишно за 437.000 смртни случаи годишно. Секако сеуште сами на себе не сме најголеми непријатели.
1. Маларичен комарец
Бројката од 750.000 смртни случаеви годишно од страна на маларичниот комарец сеуште претставува најголема закана за човекот и животните, иако експертите велат дека бројката е во опаѓање.
































