2 во 1: Производство на нановлакна и намалување на глобалното затоплување

Јаглеродните нановлакна  најчесто се користат електрониката  и  за подобрување на јаглерод композитни материјали кои се користат во апликации каде цврстите но лесни  материјали се неопходност, како на пример во авион или вселенско летало. И покрај ветувањето, изработка на овие видови на материјали е прилично скапа, па употребата е лимитирана .Често се заменуваат(се разбира, кога е можно) со поевтини материјали, како пластика.

Сепак, научниците од Универзитетот Џорџ Вашингтон имаат добри вести : Тие измислиле ниско енергетски соларен систем кој може да го конвертира атмосферскиот јаглерод диоксид во овие вредни нановлакна. Според BBC News, научниците ставиле стопени  соли и електроди во сад. Откако тие  електрична струја  поминаланиз солта, остаток од  јаглеродни нановлакна започнал  да се формира околу електродите. И тоа  со мошне импресивна стапка од 10 грама на час. Веројатно,  кога системот ќе се оптимизира за индустриска употреба,  количината ќе биде поголема, а можеби и  ќе  се намали глобалното затоплување со повлекување на стакленички гасови од атмосферата во исто време.

 

Поддржете ја нашата работа: