Пронајдена е примитивна атмосфера околу „топол Нептун“

Извонредно време е да се биде жив. Секоја недела откриваме нови и возбудливи факти за нашиот Универзум, за кои мислевме дека не се можни. Неодамна, НАСА пронајде рана атмосфера која се формира околу „топол Нептун“.

Пронајдена е далечна екстрасоларна планета, наречена HAT-P-26b, со нешто означено како примитивна атмосфера составена од водород и хелиум. Истражувањата покажуваат дека атмосферата е „релативно расчистена од облаци“ и има силна ознака на постоење на вода.

„Астрономите само што започнаа со истражување на атмосферите на овие далечни планети со Нептунова маса, и речиси веднаш наидовме на пример кој противречи на трендот во нашиот Сончев Систем. Ваквите неочекувани резултати се причината заради која навистина го сакам истражувањето на атмосферите на други планети,“ изјави Хана Вејкфорд, постдокторски истражувач во Годард Центарот за Вселенски летови при НАСА.

Што е топол Нептун?

По дефиниција, топол или жежок Нептун е „вид на џиновска планета со маса слична на онаа на Уран или Нептун, која орбитира многу блиску до нејзината ѕвезда, обично помалку од 1 АЕ (Астрономски Единици). Првиот жежок Нептун чие постоење е потврдено бил Gliese 436b во 2007-мата година, надворешна планета оддалечена околу 33 светлински години од нас. Скорешни набљудувања имаат откриено поголема потенцијална концентрација на жешки Нептуни во Млечниот Пат отколку што порано се мислеше.

Изненадувачка разновидност помеѓу топлите Нептуни

Имаме најдено и други топли Нептуни во минатото, а сега НАСА има и систем за да ги спореди и класифицира. Научниците ги споредуваат планетите преку нивната „металност“, што покажува колку планетата е богата со сите елементи потешки од водород и хелиум. Ова дава увид во тоа како планетата се формирала и од што би можела да биде составена нејзината атмосфера.

„Оваа анализа покажува дека има многу поголема разноликост во атмосферите на овие надворешни планети отколку што очекувавме, што не снабдува со поглед врз начинот на кој што планетите можат да се формираат и развијат различно отколку во нашиот Сончев Систем. Би рекол дека ова е тема во изучувањето на надворешните планети: Истражувачите сè уште наоѓаат изненадивачка разноликост,“ вели Давид К. Синг од Универзитетот на Ексетер.

HAT-P-11b и WASP-43b се два слични топли Нептуни кои имаат исти карактеристики. WASP-43b е најголемиот топол Нептун за кој знаеме, со големина проценета двапати од таа на Јупитер.

Извор: astronomija.mk

Во соработка со: Скопско Астрономско Друштво

 

Поддржете ја нашата работа: