20 интересни факти за тестостеронот

2. По раѓањето, тестостеронот игра улога во регулирањето на процесите, од дистрибуција на масти до производство на црвени крвни клетки.

3. Долго време пред да се разоткрие хормонот, луѓето ги опишувале тестисите како моќно средство за подмладување. Римскиот истражувач Плиниј Постариот истакнал дека јадењето на тестиси од хиени помагаат за сексуална стимулација (со мед, се разбира).

4.  Медените тестиси од хиените не се така лоша опција во споредба со Џон Бринкли, кој во 1920 г. додавал парчиња од козји скротум во човечките тестиси, тврдејќи дека тоа ќе ја зголеми мажественоста и ќе излечи одредени болести.

5. И покрај неговата примарна поврзаност со мажественоста, тестостеронот исто така може да го зголеми либидото на жената со таргетирање рецептори во делот од мозокот одговорен за сексуалната активност.

6. Половите хормони, вклучувајќи го и тестостеронот, еволуирале пред 500 милиони години – пред првите ‘рбетни животни – од  „мајката” на сите стероидни хормони, естрогенот.

7.  Тестостеронот е, условно кажано, машки хормон. Нормалните нивоа за жените се 5-7 проценти од оние на мажите.

8. Нивото на тестостерон се намалува со возраста. Педесет проценти од мажите во нивните 80-тите имаат тестостерон под нормалните граници.

9. Едно нешто што не е во опаѓање: побарувачката за тестостерон. Во 2010 година, 1,3 милиони пациенти во САД добиле рецепт за хормони. Тој број се искачи на 2,3 милиони во 2013 година.

10. Годините не се единствената причина за низок тестостерон; Дебелината е, исто така. Со повеќе масти  тестостеронот се конвертира во естроген наречен естрадиол, кој и натаму го инхибира производство на тестостерон.

11. Нискиот тестостерон од дебелината е особено „злобен“ циклус, бидејќи тестостеронот гради мускули очигледно преку стимулирање на производството на хормонот за раст  (GHRH), кој е во корелација со телесната маса.

12. Се’ уште не е јасно дали придобивките од тестостеронските третмани ги надминуваат ризиците. Некои истражувања покажаа зголемен ризик за кардиоваскуларни болести кај постарите мажи по започнувањето на тестостеронска терапија. Други, пак, сугерираат намален ризик во однос на општата смртност.

13. Хормонот за прв пат е синтетизиран во 1935 година, по првичната изолација на уште еден мал хормон наречен андростерон, кој бил дестилиран од околу 4.000 литри донирана урина.

14. Дански истражувачи го измислиле терминот тестостерон истата година.

15. Постојат повеќе од 30 видови на анаболни-андрогени стероиди – злогласни синтетички соединенија кои ја имитираат хемиската структура на тестостеронот. Се користат и злоупотребуваат за промоција на мускулен раст.

16. Пронајдени се некои поврзаности помеѓу агресивното однесување и тестостеронот, но повеќето истражувања немаат доказ за причинско-последичните односи. Наодите се контрадикторни.

17. Едно истражување покажало дека повисокото ниво на тестостерон е во корелација со агресивно однесување кај 12- и 13-годишни момчиња, но не и кај 15- и 16-годишни. Пронајдени се поцврсти корелации кај анализи на другите видови.

18. Влијанието и времето на производство на тестостерон значително варира меѓу видовите. За луѓето, производството на тестостерон започнува пренатално за да се направи разлика меѓу половите, но производството на тестостерон кај стаорците се појавува само по раѓањето.

19. Има многу докази во прилог на природните зголемувачи на тестостеронот. На пример, млечот прави чуда – за хрчаците.

20. Контрадикторните резултати од истражувањата не ја намалуваат побарувачката за тестостеронски засилувачи. Во 2013 година, огромен број на поединци започнале третман, без претходно воопшто да тестираат дали имаат ниско ниво на тестостерон, според ФДА.

Поддржете ја нашата работа: