20 нови технологии за 2015 година

Оперативни системи

1.       Windows 10

Се надеваме дека „Windows 10“ ќе биде усовршената верзија на „Windows 7“, кога веќе осмицата не ги исполни очекувањата.  Повеќе детали следуваат по конференцијата на Мајкрософт во април, а реализацијата кон крајот на годината.

2.       Андроид М, најавен во јуни 2015 година

3.       IOS 9, септември 2015 година

Таблети

4.       iPad Аir 3

Сосема новиот „iPad air 2“ има фантастичен ретина екран, брз процесор на „Apple A8X“, неверојатно преносливи димензии, брилијантен квалитет на изградба, сензор на отпечатоци. Замислете ја тројката. Се очекува во октомври 2015 година.

5.       iPad мини 4, се очекува во октомври.

6.       Microsoft Surface мини
Компјутер со целосни „Windows“ перформанси во преносна форма. Кога да го очекуваме? Неколку пати беше најавуван. Се надеваме дека конечно ќе излезе ова лето.

7.       Теско Hudl 3
Минатата година „Теско“ го лансираше својот „Hudl“ таблет,  со неверојатна цена од 119 долари.  Масовно ги привлече потрошувачите: 35.000 „Hudls“ се продадоа за само 2 дена, а досега се продадени околу половина милион. Оваа година „Hudl 3“ е подобрена верзија од веќе одличниот таблет. Се очекува во септември 2015 година.

8.       iPhone 7 или Iphone 6 +
Се очекува во септември.

9.       Samsung Galaxy Note 5

Промоцијата е најавена за септември, непосредно пред саемот „IFA“ 

10.   Samsung Galaxy S6

Ветува „quad-HD“ екран, плус многу други радикални нови функции.
Се очекува кон крајот на февруари.

11.   HTC One  M9, најавен за март

12.   LG G4

„G3“ беше еден од најдобрите телефони во 2014 година. Работите можат да тргнат само кон подобро. Најавен е за јуни.

13.   Sony Xperia Z4

Сони има репутација на брилијантни телефони, со фантастична камера и сјајни перформански. Новиот телефон се очекува во март.

14.   OnePlus Two

Претходникот е неверојатен смарт телефон кој се продаваше по цена од 229 долари, a со перформансите може да им конкурира на оние од 600. Поради големата побарувачка, подобрената верзија се очекува кон средината на годината.

15.   Теско Hudl  „smart“ телефон

Поради успехот на таблетот,  „Теско“ одлучи да лансира и телефон. Првично беше најавен за Божиќ годинава, но моментално е во мирување. Се надеваме дека нема да се откажат.

Слушалки за виртуелна реалност

16.   Oculus Rift

Извонредни слушалки кои се монтираат на главата и овозможуваат поглед од 360 степени на виртуелната реалност. Точен датум на реализација се’ уште нема, но компанијата изјави дека е многу блиску до финалната верзија.

Останати гаџети

17.   Apple “smart„ часовник

Се очекуваше заедно со „Iphone 6“ во септември годинава, но е одложен за на пролет.

18.   HTC One Wear

„HTC“создава фантастична технологија. Доколку смарт часовникот биде барем половина добар колку телефоните, побарувачката е незамислива. Засега е во мирување, со цел корисноста да се доведе до совршенство, но вреди да се почека.

19.   Google очила

 Во моментов се достапни, но тоа не е финалната верзија и чинат 1000 долари. Финалната верзија се очекува на почетокот на годинава и се надеваме дека ќе бидат поефтини.

Игри

20.   Steam кутија

„SteamOS“ е оперативен систем наменет за игри.  Произведувачите се надеваат  дека  кога „SteamOS“,  ќе се поврзе сохардкор хардвер и платформата на „steam“ игрите, ќе им овозможи на персоналните компјутери  да создадат „steam“ кутија. Ја очекуваме на почетокот годинава.

Поддржете ја нашата работа: