25 факти за Маите

Маите и Ацтеките се двете наголеми цивилизации од претколумбовскиот период во Централна Америка. Цивилизацијата на Маите, всушност им претходела и ги надживеала Ацтеките за стотици и стотици години. Неколку пати се издигала и паѓала во текот на последните две илјади години и се’ уште опстојува во културата на бројните Маи кои го населуваат полуостровот Јукатан.

Ова се 25 неверојатни факти за Маите, кои можеби ќе ве изненадат!

25. И покрај тоа што нивната цивилизација се намалувала и често била освојувана, во многу рурални области од Мексико и Гватемала, јазикот и културата на Маите се’ уште се зачувани.
24. Се проценува дека околу 7 милиони Маи се’ уште живеат во и околу полуостровот Јукатан.
23. Многу лингвисти веруваат дека зборот “shark” (ајкула) оригинално е збор на Маите.
22. Во претколумбовскиот период, Маите често настојувале да им го „подобрат“ физичките изглед на своите деца. Мајките им ги притискале челата на децата со плочи, за да им бидат рамни (главно кај повисоките класи).
21. Исто така, пред очите на децата им биле поставувани објекти што се нишаат, за да имаат вкрстени очи, што било уште една посакувана карактеристика кај високите слоеви.
20. Имињата на децата им биле давани по денот во кој се родени.
19. Маите имале прилично напредна медицина. Тие зашивале рани со човечко влакно, правеле пломби за забите, па дури и протези.
18. Некои од Маите и денес практикуваат принесување на крвни жртви, но за среќа нема човечки жртвувања – страдаат само кокошки.
17. Маите ги користеле билките од својата животна околина и во релиските ритуали (како халуциногени) и во медицината (како аналгетици).
16. Исто како и Ацтеките, и Маите биле страсни натпреварувачи во „Средноамерикаските игри со топка“. Во сите поголеми градови се пронајдени игралишта и често биле поврзани со обезглавување или жртвување, веројатно на губитничкиот тим.
15. Всушност, се смета дека отсечените глави се користеле како топки.
14. Модерната верзија што се нарекува “Ulama”, се’ уште се игра и денес, но очигледно, обезглавувањето не е повеќе дел од играта.
13. Сауните и парните бањи играле значајна улога во културата на Маите. Тие сметале дека сауната ќе им помогне да се ослободат од блудот.
12. Иако Маи има и денеска, последната самостојна влада на Маите им се потчинила на шпанските владетели во 1697 година.
11. Урнатините и пирамидите што најчесто може да се видат на сликите, најверојатно се оние од градот Чичен Ица, најголемиот град на Маите. Дури неодамна владата го откупила од приватен сопственик.
10. Затворениците, робовите и останати биле подготвувани за жртвување со тоа што прво биле боени во сино, а понекогаш и измачувани. Потоа биле водени на врвот на една од пирамидите. Таму тие биле гаѓани со стрели или свештеникот од храмот им го вадел срцето од градите, додека се’ уште биле живи. Понекогаш помошниците на свештеникот би ја одрале кожата од жртвата, а главниот свештеник ја облекувал и изведувал ритуален танц.
9. Спротивно на популарното верување, Маите немале само еден календар и ниеден од нивните календари не предвидувал крај на светот во 2012 година.
8. Тие имаат три календари, кои работат во циклуси. Едниот од нив „Haab“ има циклус од 365 дена исто како и модерниот Грегоријански календар. Долгорочниот календар има циклус од приближно 2 880 000 дена и требало да биде повторно подесен во 2012 година, па оттаму и предвидувањата за „судниот ден“.
7. Маите имале еден од најнапредните системи за пишување во античкиот свет. Пишувале секаде каде што можеле, вклучувајќи ги и нивните згради. Можеби првите графити?
6. За жал, многу од нивните дела биле уништени за време на шпанските освојувања. Со макотрпни истражувања во текот на 20 –от и во 21 –от век, откриени се и преведени многу од сочуваните дела.
5. Како и  Ацтеките, и Маите не користеле железо или челик. Оружјето го изработувале од опсидијан (вулканско стакло) или од вулкански карпи.
4. Покрај тоа што сакале рамни чела и вкрстени очи, мажите од повисоките слоеви кај Маите сакале и грбави носеви, па затоа ги надоградувале со кит, за да ја добијат посакуваната форма. Исто така, забите ги обложувале со жад.
3. Кога станува збор за забите, жените од повисоките слоеви ги стругале своите заби и ги правеле шилести.
2. Надвор од вавилонскиот систем, Маите веројатно биле првите кои нулата ја користеле како посебна цифра. Подоцна, Индиските математичари први ја употребиле нулата како вредност во математичките пресметки.
1. Не се знае точно зошто империјата на Маите почнала да опаѓа. Долго пред доаѓањето на Шпанците, големите градови веќе биле напуштени и руинирани. Претпоставките на научниците за причините се движат од суша и глад до пренаселеност и климатски промени.

 

Поддржете ја нашата работа: