Стандардите за убавина вршат се’ поголем притисок на мажите и жените од сите возрасти за да се приспособат на нереалистични физички цели. Така, нарушувањето на исхраната е се’ почеста појава. Но, важно е да се знае дека нарушувањето на исхраната не подразбира само прекумерно јадење или гладување.
Додека во честите дијагностицирани нарушувања, особено кај жените, спаѓаат анорексијата и булимијата, сепак постојат и многу недијагностицирани случаи кои страдаат од невообичаени нарушувања на исхраната. Дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за нарушување на менталното здравје ги издвојува следниве 3 нарушувања.
ПредходнаСледно
11 Селективно нарушување на исхраната
Личностите кои страдаат од ова нарушување веруваат дека има само одреден ограничен износ на храна која можат да ја конзумираат, а поради таа причина останатите може да ги доживуваат како пребирливи и да не препознаат дека се работи за болест. Но, тие ја доживуваат храната поинаку од нас, вели Ненси Закер, истражувач од Универзитетот Дјук. Со оглед на тоа дека не постојат многу податоци за ова нарушување, не постојат значајни откритија за тоа колку луѓе страдаат од истото. А многумина едноставно се срамат и не сакаат да изгледаат пребирливо. Во една анкета од 2010 година, спроведена од Закерберг, за тоа колку луѓе се сметаат себеси за пребирливи, се пријавиле околу 7.500 лица. Таа планира да продолжи со истражувања за да добие претстава за обемот на ова нарушување.
1. Селективно нарушување на исхраната
22 Пика
Сигурни сме дека многумина слушнале за оваа болест, но не ја препознаваат по името. Се работи за болест кога луѓето јадат нешта што не се јадат, како на пример креда, земја, песок, хартија и слично. Ова може да биде и опасно по здравјето бидејќи понекогаш докторите не можат да препознаат дали пациентите изеле нешто што не е наменето за јадење. Несаканите ефекти вклучуваат труење, затнување на цревата, па дури и смрт. А се чини дека бројот на лица кои страдаат од ова нарушување се зголемува. Според „Psychology Today“ од 1999 до 2009 година, бројот на хоспитализирани лица со пика речиси се удвоил (од 964 на 1.862).
2. Пика
33 Синдром на ноќно јадење
Ова се случува кога често се будите навечер и посегнувате по храна или пак едноставно постојано премногу јадете навечер. Некои лица со ова нарушување имаат прекумерна телесна тежина, но тоа не важи за сите.
Иако изгледа чудно, важно е да се разбере дека овие болести влијаат на луѓето емотивно, физички и психички. Тешко е да се разберат бидејќи не се доволно проучувани. Се сметаат за ментални болести и за жал, негативните гледишта за менталните болести се причина за многумина самостојно да страдаат.
3. Синдром на ноќно јадење
ПредходнаСледно