3500 години стара гробница откриена во Египет

Египетски археолози откриле гробница стара околу 3500год., изградена за време на периодот на 18-тата Династија, во времето кога владееле фараонот Тутанкамон и кралицата Нефертити.

Се смета дека новооткриената гробница припаѓала на благородникот Аменемат кој живеел во периодот помеѓу 1567 и 1320 п.н.е, и работел како златар во градот Луксор. Гробницата се наоѓа во некрополисот Dra’ Abu el-Naga’ , во близина на Долината на кралевите, каде фараоните ги граделе своите крипти.

Во гробницата биле пронајдени остатоци од неколку мумии, антички ковчези, остатоци од скелет, грнчарија и мали статуи, а истите биле прикажани на фотографии кои Министерството ги сподели со јавноста.

Ископувањето во внатрешноста на гробницата се во тек, а повеќе откритија најверојатно ќе бидат откриени во текот на следниот месец.

Гробницата е откриена од страна на тим од Министерството за антиквитети, под водство на Мостафа Вазирија, шеф на одделот од Министерството во Луксор. Неговиот тим ја откри оваа гробница во априлот, а Вазирија верува дека ќе пронајдат уште четири гробници во близина на гробот од златарот.

 

 

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација