3Д скрининг за рано дијагностицирање на аутизам


Со помош на напредно 3Д снимање и техника на статистичка анализа , истражувачите од Универзитетот во Мисури, одредиле мерења на лицето кај децата со аутизам, кои може да доведат до создавање на алатка за скрининг на малите деца и да обезбедат индиции за генетската причина.

Истражувачите со употреба на систем од камери создале три-димензионални слики од лицата на децата. Избраните деца биле на возраст помеѓу 8 и 12  години. Една група ја сочинувале деца со дијагностициран аутизам, а другата деца со нормален развој. Истражувачите направиле 3Д фотографии од лицата на децата, што им овозможило да ги измерат заоблените линии од  лицата на децата , а не правите линии , како што се правело во претходни тестови. Потоа е спроведена софистицирана статистичка анализа за да одредат разликите од фацијалните мерења од секоја група.

Анализата на групата покажала три различни подгрупи на деца со аутизам, кои имале слични карактеристики на лицето. Овие подгрупи, исто така имале сличности и во типот и тежината на симптомите од аутизмот.

Следниот чекор на истражувачите е да направат ДНК анализи за да се откријат специфичните гени кои се поврзани со секоја подгрупа.

„Откривањето кои гени се поврзани со секоја подгрупа би можело потенцијално да доведе до поефикасен третман и лекување на аутизмот“, истакнуваат истражувачите.

Поддржете ја нашата работа: