5 историски митови за сексот

За многу човечки цивилизации во античкиот свет, сексот бил клучен дел од духовните и културните верувања. Ќе се изненадите од тоа колку многу различни митови и верувања постоеле за самиот чин, за тоа што прави, како функционира, како да се подобри и слично. Издвојуваме 5 неверојатни верувања за сексот од различни периоди од историјата.

Женскиот оргазам е потребен за да се направи бебе

2389

Најпознат поборник на ова верување бил римскиот лекар Гален, кој објавувал трактати за медицината и бил извор за многу средновековни и ренесансни идеи за сексот. Според него, луѓето се наоѓале на врвот на еволутивниот синџир на исхрана бидејќи тие произведувале најмногу „витална топлина“ од телата. Тој сметал дека таа топлина и кај мажите и кај жените е клучот за забременување.

Според Гален, и мажите и жените имале некој вид на сперма (којашто тој ја нарекувал семе). Тој сметал дека топлината која се создава од енергичниот секс е неопходна за да се помеша семето, живата материја и да се создаде нов живот. Но, за да се направи бебето, потребно е двете страни да доживеат оргазам. За жал или за среќа, денеска знаеме повеќе.

Можете да имате секс во задгробниот живот

2389f

Па, иако е тешко да се побие ова, сметаме дека безбедно може да го класифицираме како мит.

За древните Египќани, сексуалната моќ била толку важна што тие верувале дека лицата продолжуваат да имаат еротски авантури долго време откако нивната физичка форма е мртва.

Според нив, дел од човечката „животна сила“ (Ба) е создадена преку нешто еротско, односно родителите кои имаат секс, па им делувало разумно дека тој дел продолжувал да прави еротски работи и во задгробниот живот. Тој дел, односно „Ба“, бил прикажуван на слики на гробовите, како на пример се гоштева со вкусни јадења или пак прилично експлицитно се забавува.

Мртов гуштер во урина може да ја потисне страста

2389f1

Древните Египќани, Римјани и Грци го сметале ова за дел од класата на т.н. анти-афродизијаци. Покрај тоа што имале лекови за импотенција (калинки, анасон и зелена салата како најпопуларни), подеднакво биле заинтересирани и за намалување на страста.

Оваа препорака за намалување на страста потекнува од римскиот писател Плиниј Постариот кој сметал дека гуштерот мора да се удави во машка урина. А доколку ги немате потребните состојки, можете да го носите „вистинскиот дел од белите дробови на мршојадец“ како амајлија. На тој начин, со сигурност никој нема да ви пријде.

Храната која предизвикува надуеност и гасови ќе ве возбуди

2389f2

Во римскиот период, а и потоа, телесната функција која ние не ја поврзуваме со добар секс се сметала за неопходна за да се постигне вештачка возбуда. Според Гален, кој го споменавме претходно, секоја храна која предизвикува надуеност е епски афродизијак. Тој верувал дека ветерот во телото ќе ги надува сексуалните органи и препорачувал исхрана која вклучувала зачини и грашок.

Врзувањето на нозете ги затегнува вагиналните мускули

2389f3

Древната кинеска практика на врзување на нозете се чини изумрена и можеме да кажеме дека тоа воопшто не е лошо, бидејќи вклучува кршење на ногата на девојчињата додека се бебиња и цврсто врзување. Така стапалата биле долги само неколку сантиметри, но едвај можеле да ја издржат тежината на телото. Овие лотусови стапала, како што биле нарекувани, резултирале со лотусово држење на телото, односно разнишано одење што наводно ја правело жената сексуално помоќна бидејќи ќе развиела посилни и почувствителни вагинални мускули. Ова се разбира не функционира.

Поддржете ја нашата работа: