Во јужниот дел на Мексико е откриена маска на која е прикажан антички крал на Маите од 7-от век. Археолозите сметаат дека маската го опишува владетелот на Маите Кхинич Јанаб Пакал, познат под името “Пакал Велики”.
Овој артефакт од 7 век целосно се разликува од сите досега пронајдени предмети од цивилизацијата на Маите, бидејќи го прикажува кралот во неговата старост, со виднили брчки по лицето. Пакал владеел од својата дванаесетта година, па се до својата смрт на 80 годишна возраст. Неговото 68-годишно владеење е едно од најдолгите 30 владеења кои се забележани во светот.
Археолозите ја пронашле оваа маска при ископување на наоѓалиштето Паленке во Мексико, на самата граница со Гватемала. Штуко маската, со големина од 20 см. е пронајдена од страна на тимот од Националниот институт за антропологија и историја (INAH).
Mask that represented the Mayan ruler Pakal was found in Palenque https://t.co/lQExOeLxCe pic.twitter.com/IyG6TlXxN6
— The Yucatan Times (@theyucatantimes) August 27, 2018
“Маската го прикажува ликот на кралот Пакал Велики, кој владеел од 615 – 683 година и оваа е прв предмет пронајден од ваков вид” вели директорот на институтот Диего Прието.
“Елеганцијата и занаетчиството на градбите, како и леснотијата на извајаните релјефи со митолошки теми на Маите, го потврдуваат креативниот гениј на оваа цивилизација” – објаснува УНЕСКО, на својата веб-страница.
Watch: Archaeologists reportedly find ancient mask of Mayan ruler Pakal the Great! pic.twitter.com/MevxM8W4aC
— Press TV (@PressTV) August 26, 2018
Освен маската, археолозите пронашле и керамички фигури, украсени коски и остатоци од неколку животни, вклучувајќи гуштери, ракови и желки.
Во последно време се направени бројни научни истражувања кои треба да ни помогнат за подобро разбирање на цивилизацијата на Маите. Така неодамна се пронајдени и докази дека колапсот на ова општество всушност бил последица од долга суша.



























