Психолошките истражувања ги чинеа многу години психолозите додека ја најдат врската помеѓу невротичноста и екстровертноста при утврдување на докази за благосостојба на луѓето. За да бидете среќни, сепак треба да бидете екстровертни, што има разлика од невротични, – велат експертите.
Истражувачите проучувале 706 машки и женски учесници со просечна возраст од 36 години, и ја анализирале врската меѓу повеќе аспекти на благосостојба. Преку нивните студии нашле пет различни особини на личноста, што резултирале со високо ниво на среќа.
“Постојат пет различни патеки до среќата. Доколку постигнете една од петте, ќе имате поголема веројатност тие да ве одведат кон нови патишта кои нудат среќа,” објаснува ко-авторот на студијата Скот Бери Кауфман.
1. Ентузијазам
Луѓето, полни со ентузијазам имаат тенденција да бидат забавни, пријателски настроени и емотивно експресивни, па затоа не е чудо што водат среќен живот.
Истражувачите сметаат дека ентузијазмот независно резултира на задоволството од животот, позитивните емоции, помалку негативни емоции, позитивни односи, самоприфаќање, цел во животот и ангажман, што значи и достигнување.
2. Скромност
Едноставно кажано, ова значи да се има лесна врска со себе. Луѓето кои се скромни имаат тенденција да бидат самосвесни, како и многу други карактеристики кои ги поседуваат ентузијастите во својот личен развој.
3. Трудољубивост
Лицата кои се ориентирани кон остварување цели, самодисциплинирани, компетентни и напорно работат, се со поголема веројатност да остварат долгорочна среќа.
4. Емпатичност
Доколку сочувствувате со другите луѓе и се грижите за нив имате поголеми шанси да го подобрите својот живот и да бидете посреќни, велат експертите.
5. Интелектуална љубопитност
Ако уживате во длабоко размислување за комплексни прашања како одраз на вашите животни искуства, зборувате за филозофски прашања, читате книги и давате нови идеи, вие најверојатно сте интелектуално љубопитни.
Додека високо интелектуалната љубопитност предвидува автономија, усовршување на животната средина, личен раст, самоприфаќање, цел и остварување, вие всушност веќе ги имате петте патеки кои водат до среќен живот.