5-те најдобри паметни часовници за 2015 година

Sony Smartwatch 3

Цена: 182, 92 евра

Квадратен андроид часовник со LCD екран на кој лесно се гледа дури и под директна сончева светлина. Батеријата му трае до 3 дена, дури и кога е поврзан со паметен телефон преку „Bluetooth“ или „Wi-Fi“. Има GPS и е водоотпорен (на 1м вода во рок од 30 минути). 

LG Watch Urbane

Цена: 365, 35 евра

Најновиот часовник на „Android Wear“ е голем, тркалезен и сјаен. Изработен од нерѓосувачки челик и водоотпорен. Кружниот OLED екран може да остане вклучен постојано, но не ја прилагодува светлината на околината. Може да се поврзе со паметен телефон преку „Bluetooth“ или „Wi-Fi“. Батеријата обично трае по еден до два дена. Но, поради големината најверојатно не би им одговарал на сите.

Apple Watch

Цена: 421, 57 евра

Ова е најочекуваниот и најскапиот паметен часовник. Достапен е во две големини, почнувајќи од 421, 57 евра за најмалиот па се до 19 илјади евра доколку сакате да биде златен. Има слични карактеристики како и часовниците на „Android Wear“, но софтверот е збунувачки и го одбележува како единствен од својот вид. Батеријата трае еден ден.

Pebble Time

Цена: 182, 76 евра

Овој часовник го нарекуваат „Casio“ меѓу паметните часовници. Лесен, тенок и едноставен. Достапен во три бои, изработен од нерѓосувачки челик и водоотпорен до 30м. Може да се поврзе и со iPhone и со „Android“ преку „Bluetooth“, со што всушност е единствениот часовник кој може да работи на двете платформи. Исто така, батеријата му трае подолго од останатите – пет до седум дена. Екранот не е чувстителен на допир, туку има 4 копчиња за навигација на корисничкиот интерфејс.

Motorola Moto 360

Цена: 238, 99 евра

Ова е дефинитивно најубавиот паметен часовник. Исто како и претходните, може да се поврзе со паметните телефони преку „Bluetooth“ или „Wi-Fi“. Наместо да биде постојано вклучен, се подесува на мала црно-бела светлина кога се движите, а целосно се осветлува кога ќе ја поткренете раката за да видите колку е часот. Единствената мана му е батеријата која трае само еден ден.

Поддржете ја нашата работа: