Но, дали знаете дека, на пример, сперматозоидите живеат кратко, а постојаното количеството се одржува со редовна продукција на најмалку 1.500 сперматозоиди во секунда. Еве уште неколку интересни работи.
1. Сперматозоиди и сперма
Многу често спермата и сперматозоидите погрешно се поистоветуваат, но тоа не се исти супстанции. Сперматозоидите се всушност дел од спермата која претставува беличаста вискозна течност која се исфрла преку пенисот. Сперматозоидите го напуштаат телото преку мешавина од телесни течности кои ја сочинуваат спермата. Оваа течност содржи фруктоза и протеолитички ензими што ја олеснуваат подвижноста на сперматозоидите надвор од машкиот репродуктивен систем.
2. Голем дел од сперматозоидите во ејакулатот се деформирани
Сите сперматозоиди што се создаваат не се исти. Сперматозоидите можат да бидат со мноштво деформитети на главата, вратот или опашката. Две глави, две опашки или со свиткани опашки, се само некои од тие деформитети. Овие аномалии може потенцијално да влијаат на способноста на сперматозоидите да стигнат до јајце-клетката и да ја оплодат, но тоа не значи и неплодност. Нормалните сперматозоиди имаат овална глава и долга опашка.
3. Спермата е ладна
Тестисите кај мажот се за околу еден степен Целзиусов поладни од останатиот дел од телото, што е непходно за одржување на здрави сперматозоиди.
4. Сперматозоидите можат да го носат или машкиот или женскиот хромозом
Некои од сперматозоидите го носат женскиот Х-хромозом, додека некои го носат машкиот Y-хромозом, но не и двата заедно. Според „Harvard Health Publications“, „женските“ сперматозоиди се всушност појаки од „машките“, што значи дека можноста за забременување од женски сперматозоид е поголема. Ако таткото го даде Х –хромозомот, бебето ќе биде женско, а ако го даде Y-хромозомот, бебето ќе биде машко.
5. Потребни се два месеца за да се создаде сперма
Мажот продуцира 1.500 сперматозоиди во секунда, но потребни се месеци за тие да созреат во тестисите. Овој циклус на регенерација трае од два и пол до три месеци.
6. Еден тестис е доволен да се направи бебе
Мажите што имат само еден тестис се подеднакво фертилни како и мажите со два тестиси. Иако е можно продукцијата на сперма да биде намалена, тоа во најголем број случаи не влијае на фертилноста на мажот.
7. И од мртва сперма може да се добијат здрави бебиња.
Во лабораториски услови, при ин витро оплодувањето, јајце-клетката може да се оплоди со мртва сперма.