7 причини за да пиете повеќе вода

Вашето тело е составено од 70% вода која е вклучена во секоја телесна функција. Доколу имате недостиг на вода, вашето тело ќе се обиде да ја добие од кој било извор на течност во системот, што влијае на физичкото и металното здравје и го забрзува процесот на стареење. Издвојуваме 7 добри причини за да пиете повеќе вода

1. Подобро ќе ви се вари храната
Ако трошите многу време и напор во тоалетот, веројатно ви треба чаша вода (или две) плус. Ако сте дехидрирани, вашето тело ќе земе од она што е на располагање – резултат: тврда столица. Тоа може да трае со денови, а стомакот да го чувствувате како подуен. Чувството е навистина непријатно.

2. Ќе бидете остроумни
Ако сакате да бидете добро расположени и фокусирани, пијте повеќе вода. Ако се чувствувате збунето и расеано, обидете се да пиете повеќе вода пред да одите на доктор. Дехидрацијата може да има такво влијание на мозокот.

3. Ќе ви се допаѓа она што го гледате во огледало
Ако ви се допаѓа она што секое утро го гледате во огледало, тоа е супер! Продолжете со тоа што го правите. Но, ако се борите со подуено лице и пропаднати темни кругови околу очите, вашето тело ве предупредува дека бубрезите се во неволја. Не пиете доволно вода.

Бубрезите ги филтрираат токсините, солите и водата од крвотокот. Ако телото е дехидрирано, тие не можат правилно да функционираат. Ако пак се преоптоварени, без оглед на тоа дали сте пиеле премногу алкохол, сте јаделе премногу солено или слично, резултатот ќе се испише на вашето лице.

4. Ќе имате младешка кожа
Сувата и збрчкана кожа се јавува од 2 големи причини – недостаток на вода и недостаток на поткожно масно ткиво. Ако сакате да имате блескава и млада кожа правете ги следниве 3 работи: Мијте го лицето со ладна вода секое утро, нежно истапкајте ја кожата за да ја исушите и пијте чаша вода на празен стомак.

Пијте повеќе од 2 литри вода дневно и јадете масти секој ден. Под масти мислиме чисти и необработени растителни масла од храна како на пр. органско ленено семе, путер и кокосово масло. Ваквите масти ја врзуваат водата за дермисот и функционира како природен филтер.

5. Ќе ви се намалат мастите
Овој податок најверојатно ќе ве изненади, но ако сте дехидрирани може да се здебелите. Како што споменавме претходно, кога телото е дехидрирано ќе ги користи сите други течности кои му се на располагање. Со користење на водата од крвотокот, ќе остане вишок глукоза која ќе стигне до црниот дроб и ќе се складира како гликоген за понатамошна употреба.

6. Ќе ви се намали апетитот
Дали постојано се чувствувате гладни? Испијте чаша вода. Водата го потиснува апетитот. Ако ви треба некој  вкус, додадете парче лимон или сок од лимон или калинка (без шеќер).

7. Ќе му помогнете на телото да си ја врши својата работа
Постои причина зашто водата ја нарекуваат извор на животот – нашата крв е 90% вода. Доколу дехидрирате (телото ќе ја земе водата која му е на располагање), крвта ќе стане погуста, зголемувајќи го ризикот за згрутчување и срцеви заболувања. Недостатокот на вода е исто така поврзан со главоболките, болката и напнатоста во мускулите и зглобовите. Може дури и да предизвика болки во стомакот. Се е поврзано низ телото.

Колку вода ви е потребно?

Во принцип, околу 2 литри на ден. Можеби и повеќе ако живеете во топла и сува клима, и ако секојдневно вежбате. Исто така, треба да пиете повеќе вода ако сте бремени или доите. Имајте ги предвид и диуретичните ефекти на кафето, чајот, алкохолот, газираните пијалоци и солената храна.

Поддржете ја нашата работа: