Лекарите и медицината не можат премногу да му помогнат на човекот доколку тој не си помогне сам на себе си, односно доколку не обрнува доволно внимание на своето тело, воочи промени и побара помош. За жал голем број луѓе ги игнорираат сигналите кои им ги испраќа телото, па така и овозможуваат на болеста да се шири и остане незабележана.
Ови е се неколку симптоми кои можат да навестат рак за кои лекарите препорачуваат да се земат за сериозно. Доколку ги забележите на себе и вашите блиски не брзајте со заклучоци бидејќи истите можат да бидат знак и на други болести. За да се избегнат сомнежи консултирајте се со лекар.
1. Неоплазми на кожата
Неоплазмите на кожата може да бидат знак на рак на кожа или на дојка. Останатите симптоми вклучуваат:
– Тврди чворови во дојката или пазувите,
– Осип од непознат причинител кој не е поврзан со храна или козметика,
– Појава на влажен чир во центарот на некоја бемка, промена на нејзиниот облик, големина и боја.
2. Упорна кашлица
Долготрајната кашлица е еден од симптомите за рак на бели дробови, која најчесто се поврзува со други симптоми како:
– Губење на апетит,
– Ненадејно губење на тежина,
– Во напредна фаза искашлувањето е проследено со крв во секретот и пократко издишување.
3. Чешање на кожата
Во поголем дел од случаевите, чешањето не е поврзано со тумори, но клиничкото искуство сепак им наоѓа поврзаност
– Неоплазмата на матката предизвикува генитално чешање,
– туморот на мозокот може да предизвика чешање во ноздрите.
4. Промени во дигестивната функција
Малигните заболувања на дебелото црево може да се манифестираат преку следните симптоми:
– Крв во столица,
– Надуеност и мачнина после оброк,
– Слузава столица,
– Спонтано празнење на цревата,
– Тапа болка во абдоменот.
5. Промени при мокрење
Ова може да биде знак на малигно заболување на бубрезите кое се поврзува со други симптоми:
– Крв во урина,
– Зголемен крвен притисок,
– Болки во бубрезите,
– Хроничен замор и слабост.
6. Неочекувано губење на тежината
Овој симптом најчесто се јавува при рак на желудник, а останати симптоми се:
– Одбивност кон месо,
– Чувство дека сте прејадени, а всушност имате внесено премногу мала количина на храна,
– анемија,
– Болки во стомакот додека се вари храната.
7. Долготрајни болки во грлото
Долготрајните болки во грлото се симптом на рак кој се поврзува со:
– Потешкотии при голтање и дишење,
– Чувство дека имате грутка во грлото,
– Искашлување на крв,
– Задишување,
– Промена на бојата на гласот или губење на глас.