8 случајни астрономски откритија

1.Нов вид на детонација

Во 1963 година, САД, Велика Британија и СССР ветија дека нема да тестираат нуклеарни уреди повеќе. Американските воздухопловни сили („Големиот брат“), лансираа сет на шпионски сателити за да бидат сигурни дека никој нема да го прекрши договорот. Овие сателити, наречени „Вела”, го набљудувале просторот за присуство на X и Гама зраци, како последица на детонација на бомби.

Наместо од Сибир, тие детектирале Гама зраци кои доаѓаат од вселената. Денес оваа појава се нарекува „распрскување на Гама зраци“, кое потекнува од суперновата или од судири на објекти, како на пример неутронски ѕвезди.

2. Слушањето на „Биг Бенг“

Антената „Holmdel horn“, изградена од страна на „Бел лабораториите“, дејствувала како инка за радио бранови, односно за нивно собирање и детектирање.

Во 1964 година, вработените во Бел, Арно Пензиас и Роберт Вилсон забележале чуден феномен – без разлика каде и кога ќе ја насочеле антената, тие слушале чуден звук.

Внатре забележале неколку гулаби и помислиле дека тие се изворот на проблемот. Но, она што тие всушност чуле, не биле глупости. Така се откриени „космичките микробранови остатоци“ (термална радијација) од Големата експлозија.

3. Ритмичното радио

Во 1967 година, при анализата на податоци во радио астрономската опсерваторија Малард, близу Кембриџ, Велика Британија, Џозелин Бел забележала некаков пулс, нешто како ЕКГ биење на срце, кој доаѓал од одредена точка на секои 1,3 секунди. Потоа уште еден, на секои 1,6 секунди. Така, наскоро ги откриле пулсарите – огромни топки од неутрони кои може да ротираат стотици пати во секунда, и секој пат кога се вртат, се појавуваат радио бранови

4. Ух-Ох вулканот

Во 1979-та година, сликите од месечините на Јупитер требало да помогнат во лоцирањето на „Војаџер 1“. Случајно е забележан контраст на сликите, за кој се испоставило дека е првиот откриен вонземски вулкан. Денес има 400.

5. Радио бранови – од вселената!

Во 1928 година, „Бел лабораториите“ имале сон: да се направат транс-атлантски телефонски повици. Тие побарале истражувачот по име Карл Jански да го реши проблемот со статиката.

Тој изградил антена за лоцирање на изворите на статика и најде само два: грмотевици, и постојани ниски звуци кои доаѓаат од центарот на Млечниот Пат.

„Тоа се радио бранови од вселената“- заклучил тој и бил во право.

6. Нова планета

Во 1781 година, британскиот астроном Вилијам Хершел се обидувал да ги наброи сите ѕвезди со магнитуда 8 или посветли. Звучи досадно? Најверојатно е. Тогаш забележал светла точка која патувала низ небото со поинаква брзина од ѕвездите. Така е откриена Уран. Претходно, немало откриени планети уште од антиката. Тој сакал да го именува објектот по кралот Џорџ III, но тоа е навистина кусовидно и националистички, по што изборот сепак бил Уран.

7. Чудни емисии

Матрен Шмит мислел дека гледа во некоја ѕвезда, во 1963 година, но таа емитирала огромни количини на радио бранови (а ѕвездите не го прават тоа), па го нарекол „квазарен ѕвезден објект“- квазар. За радио брановите да бидат толку светли, како што Шмит ги видел, објектот којшто ги емитувал мора да бил 100 пати посветол од нашата галаксија. Сега веќе ни се познати квазарите.

8. „Плачењето“ на Јупитер

Бернард Бурк и Кенет Френклин само сакале да видат дали нивната радио антена функционира. Но, не очекувале да откријат чудни звуци, мешавина на пукање, зуење и гушење. Тие секоја вечер се појавувале 4 минути порано од претходната (поради ротирањето на Земјата). Така, ненамерно се откриени првите звуци од друга планета. Слушнете ги звуците!

 

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

Поддржете ја нашата работа: