Пајаците „сурфаат“ по водата


Научниците отсекогаш сметале дека водата претставува граница за пајаците, но се чини дека тие можат да се движат и по вода, на многу поголема оддалеченост.

Морито Хајаши од Природонаучниот музеј во Лондон за прв пат ја забележал способноста за пловење на овој чест вид на пајак во Велика Британија. Тој ги проучувал пајаците во својата лабораторија кога го забележал ова необично однесување.

„Бев изненаден од тоа што овие обични пајаци, што сите ние ги имаме во градините, имаат ваква способност за пловење што никој претходно не ја забележал“, вели тој.

За да откријат како се движат по водата, научниците набљудувале 325 пајаци од 21 вид кои ги фатиле во барите и езерата околу Нотингем. Потоа ги поставиле поединечно во вода и користеле мали воздушни пумпи за да ги изложат на ветер. Сите пајаци можеле да стојат на водата, благодарение на нивните нозе кои ја одбиваат водата, а 201 од нив покажале вештини на пловење.

Повеќето од нив се обидувале да го фатат ветерот со тоа што предните нозе ги користеле како едра. Некои подигнувале две нозе нагоре, а некои го поткревале телото и стоеле на нозете (како на сликите). Тие пловеле подеднакво добро и во слатка и во солена вода, како и при бранувања на водата. Некои дури исфрлале пајажина која им служела како сидро, за да се прикачат на садот во лабораторијата, или пак на некои предмети во водата. Кога ги изlожиле на ветер додека биле на копно, не покажале вакво однесување што значи дека го користат исклучиво во вода.

Научниците сметаат дека големината е ограничувачки фактор, бидејќи само оние кои не се премногу тешки можат да се движат по водата. Тие сметаат дека границата е 5мм. во должина.

„Ова може да го објасни фактот зошто пајаците се меѓу првите видови кои ги колонизираат островите. Тие се добри морнари“, истакнуваат истражувачите.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt