Научник на денот: Жозеф Нисефор Ниепс

Усовршувајќи ја литографијата од 1813 до 1820 година, прв во светот успеал да фиксира слика добиена во темна комора со помош на посребрена бакарна плочка прекриена со осетлив слој на асфалтен лак.

Ниепс ја направил првата успешна трајна фотографија именувана „Поглед од прозорецот во Ле Грас“. Почнал со експерименти уште од 1793г. Некои од неговите рани експерименти резултирале со слики, но тие набргу избледнувале. Се смета дека Ниепс почнал да прави долготрајни слики во1824г. Најстарата трајна фотографија зачувана денес била направена во јуни или јули 1827г. (или 1826г, според некои извори). Ниепс овој процес го нарекол „хелиографија“, што значи „сонцепис“. Ова бил бавен процес кој барал околу 8 часа силно сонце за да може да се отслика тоа што се слика; затоа бил користен за фотографирање на згради и неподвижни предмети, но не за луѓе.

Почнувајќи од 1829г. Ниепс почнал да соработува и да го подобрува фотографскиот процес заедно со Луј Дагер. Умрел ненадејно од срцев удар во 1833г.

Кратерот „Ниепс“ на Месечината е именуван по него за неговите заслуги.

 
ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt