Нови докази за потеклото на животот

Постои научен консензус за тоа како првите клетки еволуирале во растенија и животни, но начинот на кој аминокиселините станале протеини и ја формирале машинеријата на сите клетки е се’ уште мистерија. Сега, двајца научници од Универзитетот во Северна Каролина, Ричард Волфенден и Чарлс Картер откриваат како се случил тој премин пред 4 милијарди години.

„Нашата работа покажува дека блиската поврзаност помеѓу физичките својства на аминокиселините, генетскиот код и протеините имала суштинско значење уште од самиот почеток, долго време пред појавата на софистицираните молекули. Оваа блиска поврзаност најверојатно била клучниот фактор за еволуцијата од основен градежен материјал во организам“, објаснува Картер.

Овие наоди се надоврзуваат на проблематичната теорија за РНК, која претпоставува дека молекулот на РНК кој денес игра улога во кодирањето, регулирањето и изразувањето на гените, се издигнала од „исконската супа“ од амино кислеини и космички хемикалии за да ја предизвика појавата на протеините наречени пептиди, а потоа и на едноклеточните организми.

„Д-р Волфенден ги постави физичките својства на 20 амино киселини, и заедно пронајдовме поврзаност помеѓу тие својства и генетскиот код. Таа поврзаност укажува на втор код кој ги овозможил интеракциите помеѓу пептидите и РНК, кои се неопходни за создавањето на живот на Земјата“, вели Картер.

Значи, РНК не се „измислила самата“, туку постоеле интеракции помеѓу амино киселините и нуклеотидите што довело до создавање на протеините и на РНК. Нашите експерименти покажуваат како поларитетите на амино киселините постојано се менувале на различни температури, на начин на кој не би ја нарушиле основната поврзаност помеѓу генетскиот код и протеините, што е многу важно со оглед на високите температури на Земјата во периодот кога се формирал животот.

Научниците веруваат дека оваа преодна фаза на генетско кодирање може да помогне при решавањето на два парадокса: како комплексноста произлегла од едноставноста и како животот ја поделил функцијата на два многу различни полимера – протеините и нуклеинските киселини.

Истражувањето е објавено во „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt