Запознајте го новиот робот – чистачка

Ричард Борман и неговите колеги, дизајнирале робот кој може да изведува две задачи, потполно самостојно. Роботот може да чисти подови и да ги празни корпите со отпад од хартија. Може да препознае нечистотија на подот и да ги идентификува корпите за отпад, а потоа со својата роботска рака, ја празни секоја корпа поединечно.

Во моментов, роботот е на „пробна работа“ во главното седиште на компанијата „Dussmann“ во Берлин – една од најголемите компании за чистење во Германија. Целта е да работи заедно со луѓето за чистење и во големите канцеларии да ги чисти подовите и да ги празни корпите за отпадоци.

Засега, роботот е премногу бавен за  „Dussmann’. „Човек може да исчисти 450 до 500 метри квадратни за еден час, додека работот чисти од 100 до 120 метри квадратни“ – вели Борман. Тој заедно со компанијата „Dussmann“ ќе работат на дизајнирање на комерцијална верзија на роботот кој би требало да биде многу побрз. Исто така на роботот му се потребни батерии кои ќе траат подолго. Сегашниот прототип може да работи четири часа, додека комерцијалната верзија би требало да може да работи цела ноќ.

Роботот е погоден за работа само во големи канцаларии, бидејќи луѓето би требало да го преместуваат помеѓу малите канцеларии, со што се намалува придобивката.

Постојат и други роботи за чистење, но тие не можат да се движат самостојно низ просториите и можат да изведуваат само една функција.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt