Бесплатно греење со е-радијатор

Така, компјутерскиот сервер има двојна функција – компјутерските фирми добиваат бесплатен простор за нивниот сервер, наместо да користат големи центри за податоци, а топлината што се генерира при нивната работа може да загрее една соба.

„Ние всушност повторно ја користиме енергијата која ја користи серверот, па на фирмите нема да им биде потребна дополнителна енергија за да ги оладат серверите, а придобивката на луѓето е јасна и едноставна. И двете страни имаат корист“, вели Боаз Лепе, извршен директор на холандската компанија „Nerdalize“ која го изработила радијаторот.

Идејата потекнала кога, откако термостатот се расипал, еден вработен во компанијата застанал над својот лап-топ за да се згрее. Компанијата веќе поставила 5 е-радијатори во 5 куќи во Њупорт, Белгија. Секој уред ќе биде надгледуван за да се види дали произведува доволно топлина. Од компанијата се надеваат дека, иако комерцијалниот сервер на ѕидот можеби нема да биде по сечиј вкус, идејата за бесплатно греење ќе ги привлече луѓето.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt