Економични чешми

Студентот по дизајн Симин Кјуају, препознавајќи ја важноста од заштеда на скапоцената вода, ја создал оваа чешма што не ја штеди само водата и енергијата, туку и млазот вода го претвора во вистинска уметност.

Чешмата која во 2014 година ја доби „iF“ наградата за концепт на дизајн, се состои од  двојна турбина која ротира кога водата поминува низ неа, создавајќи прекрасен ефект на решетка. Според авторот, овој додаток овозможува 15% од водата да се заштеди во споредба со традиционалните славини.

Покрај тоа, температурата на водата е однапред подесена, за да се избегне непотребната употреба на прекинувачот за струја, што помага да се заштеди електрична енергија. Корисниците исто така, можат да изберат помеѓу три поставки, кои на млазот вода му даваат различни, убави форми.


ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt