Интересни факти за верверичките

Има повеќе од 265 видови на верверички во светот. Еве неколку интересни факти за овие мали слатки животинчиња.

  • Верверичките се многу доверливи животни, воедно и едни од ретките кои би јаделе од раката на човекот.
  • Во поладните предели, како на пр. Обединетото Кралство, верверичките планираат однапред и складираат храна на различни локации за да ја преживеат зимата.
  • Верверичките трчаат непредвидливо, односно постојано ја менуваат насоката на движење со цел да ги измамат потенцијалните предатори и за да можат да избегаат.
  • Тие се многу интелигентни животни. Намерно закопуваат „лажна храна“ за да ги измамат другите верверички или птиците коишто им ја крадат храната. Додека крадците се фокусирани на „лажната храна“, верверичките си ја закопуваат храната на безбедно место.
  • Верверичките кои живеат на дрвјата, градат некој вид на „гнезда“ од стапчиња со големина на фудбалска топка (слични на оние на птиците). Користат трева, кора од дрвјата, мов или пердуви за дополнителна удобност и изолација.
  • Меѓусебно комуницираат преку различна вокализација и означување на мирисот. Исто така, го користат опашот за сигнализирање на потенцијална опасност.
  • Постојат 44 видови на летечки верверици. Овие верверици всушност „се лизгаат“ со помош на мембраната која им се протега од зглобовите до глуждовите и така летаат, исто како човекот со помош на падобран.
  • Верверичката е симбол на Индијанците за подготвеност, доверба и економичност.
ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt