Една кутија цигари дневно за само една година предизвикува 150 мутации во клетките на белите дробови

Многу пушачи не ги сфаќаат опасностите од пушењето сериозно бидејќи често поминуваат многу години пред да се појават болните симптоми како кашлање или отежнато дишење. Сега, едно ново истражување повторно укажува на опсностите поврзани со пушењето цигари и покажува дека пушењето на една кутија цигари дневно за само една година може да доведе до дополнителни 150 мутации во белите дробови и многу други мутации во други важни органи во телото, дури и ако пушачот се чувствува добро.

Истражувачите велат дека постои директна поврзаност меѓу бројот на цигари и бројот на мутации во ДНК-та на пушачите. За потребите на своето истражување, тие анализирале повеќе од 5.000 тумори и споредувале рак кај пушачи со рак кај непушачи, при што забележале специфични знаци на оштетување само во ДНК-та на пушачите. Иако најголемата штета била предизвикана кај органите коли доаѓаат во директен контакт со чадот, како што се белите дробови, и други делови од телото исто така биле оштетени.

Истражувачите идентификувале неколку механизми преку кои чадот од цигарите предизвикува мутации и во просек изброиле 150 дополнителни мутации во секоја клетка од белите дробови по само една година континуирано пушење по една кутија цигари на ден.

Покрај тоа, тие забележале 97 мутации во секоја клетка на гркланот (larynx), 39 мутации во голтникот – горниот дел на грлото (pharynx), 23 во устата, 18 во мочниот меур и 6 во црниот дроб.

Ова истражување нуди нов увид во тоа како чадот од цигарите предизвикува рак. Ова истражување ни покажува дека анализата на ДНК може да обезбеди нови докази за тоа како се развива ракот, а со тоа и потенцијално нови докази за како да се спречи, заклучуваат истражувачите.

Поддржете ја нашата работа: